Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Романија ја обвини Русија за нарушување на нејзиниот воздушен простор

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
bespilotni-letala
Илустрација

Романскиот претседател Никушор Дан денеска ја обвини Русија за нарушување на романскиот воздушен простор, откако романската војска по третпат во последните три дена собори беспилотно летало што влегло на територијата на земјата, која е членка на НАТО и Европската Унија.

— реклама —

Повикувајќи се на резултатите од истрагата, Дан изјави дека собореното беспилотно летало било од типот „Шахед“, пренесува „Еурактив“.

„Недозволиво и неприфатливо е Руската Федерација да продолжи да го нарушува воздушниот простор на Романија, кој воедно е и воздушен простор на НАТО и Европската Унија“, напиша Дан на социјалната мрежа Икс.

— реклама —

Министерството за надворешни работи на Романија соопшти дека претходно денеска го повикало рускиот амбасадор на разговор поради новите упади на беспилотни летала во романскиот воздушен простор.

— реклама —

Министерството за одбрана на Романија наведе дека денешниот дрон бил соборен на 12 километри североисточно од Сулина, пристанишен град во делтата на Дунав, во романските територијални води.

Во мај, едно беспилотно летало удри во станбена зграда во Романија, при што беа повредени две лица. НАТО и Европската Унија го осудија инцидентот, оценувајќи дека за него е одговорна Русија и предупредувајќи дека натамошни упади се неприфатливи.

— реклама —

Романскиот парламент годинава усвои закон со кој на армијата ѝ се овозможува да соборува беспилотни летала што ќе го нарушат националниот воздушен простор.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryf60ounp7vfpt54rU6kP

Романија враќа нуклеарен реактор на мрежата: Се очекува подобро снабдување со електрична енергија

Свет | пред 1 седмица

— реклама —
media-library8922i6mh58k54UPlfRM

Брод погоден со дронови кај Романија: Еден загинат, тројца исчезнати

Свет | пред 3 седмици

tajvan-voeni-avioni

Романија собори две беспилотни летала над Црното Море

Балкан | пред 3 седмици

media-libraryoebp5fhvmggv6zBjIQZ

Романија крена тревога среде ноќ поради воздушна цел што се движела кон нејзината граница

Свет | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања