Промени тема
Контакт

Романија превентивно исклучи нуклеарен реактор поради рекордно низок водостој на Дунав

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
media-library8iekmmmqemhn4fRaQMe
unsplash

Романската државна компанија „Нуклеарелектрика“ денеска превентивно исклучи еден реактор во нуклеарната електрана „Чернавода“ поради рекордно низок водостој на реката Дунав, со цел да се заштити системот за ладење на постројката.

— реклама —

Од Министерството за енергетика соопштија дека реакторот е привремено ставен надвор од функција за да се спречат евентуални оштетувања на системот за ладење, кој користи вода од Дунав.

— реклама —

Минатата недела водостојот на Дунав во Романија падна на најниско ниво во последните три децении, поради што властите веќе го ограничија користењето на речната вода за наводнување.

Од „Нуклеарелектрика“ информираат дека одлуката е донесена во согласност со безбедносните процедури што се применуваат во услови на екстремно низок водостој и дека состојбата на реката постојано се следи. Доколку нивото на Дунав продолжи да опаѓа, можно е привремено да биде исклучен и вториот реактор.

— реклама —

Нуклеарната електрана „Чернавода“ располага со два реактора со моќност од по 706 мегавати, кои обезбедуваат околу една петтина од потрошувачката на електрична енергија во Романија.

— реклама —

Поради намаленото домашно производство, земјата дел од потребната електрична енергија во наредниот период ќе го обезбедува преку увоз.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library4tnm9iaectbgb2sYMha

(Видео) Дрон од Украина влегол во романскиот воздушен простор и се урнал во шума

Свет | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryhsqmj86kt19c5Mt3Ot9

Уапсен поранешниот романски претседателски кандидат Калин Џорџеску

Балкан | пред 1 седмица

101013308-147590

ТикТок предизвик заврши трагично: Загинаа две момчиња во Романија

Балкан | пред 1 седмица

media-library9ejd67920cac56Aek3z

ТикТок предизвик заврши трагично: Двајца тинејџери загинаа откако возеле со изгасени фарови

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања