Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Рубио: „Договорот на САД со Данска и Гренланд е победа за американскиот народ“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-library7b2po1sthnnv8xXcDjJ

Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави дека договорот на САД со Данска и Гренланд претставува голема победа за американскиот народ.

„Овој историски договор претставува голема победа за Соединетите Американски Држави и американскиот народ. Благодарение на визијата и лидерството на претседателот Трамп, овој историски договор трајно ги гарантира безбедносните интереси на САД на Арктикот, без никакви трошоци за американските даночни обврзници“, рече Рубио во објава на социјалната мрежа Икс.

— реклама —

Како што наведе, Гренланд засекогаш ќе биде дел од зоната на стратешка одбрана на Северна Америка, со што ќе се спречи присуството на кој било противник на таа територија и во нејзиното опкружување.

— реклама —

„Овој договор трајно и целосно ги решава прашањата поврзани со нашата национална безбедност во однос на Гренланд“, заклучи Рубио.

Претходно, американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека Соединетите Американски Држави постигнале договор со Данска и Гренланд со кој, како што наведе, на Вашингтон му се обезбедува трајна контрола над безбедносните и други прашања на Гренланд.

— реклама —

Според неговите зборови, договорот предвидува ниту еден противник на САД во иднина да не може да воспостави база, воено присуство или да реализира чувствителни инвестиции на Гренланд без изречно писмено одобрение од Вашингтон.

— реклама —

Данска и Гренланд соопштија дека договорот треба да биде потпишан следната недела, на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации, а потоа да помине низ потребните парламентарни процедури.

media-library5d39kd920of7bKfXIYK

САД ќе развиваат воено присуство на Гренланд, Трамп тврди дека е постигнат „историски договор“

Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека САД постигнале договор со Данска и Гренланд со кој, како што наведе, на Вашингтон му се обезбедува трајна контрола врз безбедноста и други потреби на Гренланд.Трамп на својата социјална мрежа „Truth Social“ наведе дека договорот предвидува ниту еден противник на САД во иднина да не може да воспостави база, воено присуство или да реализира чувствителни инвестиции на Гренланд без изречно писмено одобрение од Вашингтон.Американскиот претседател ре

Свет | пред 1 месец

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryhes0fpoeh6aoaq1oydh

Рубио: Трамп ќе одлучи дали Зеленски ќе присуствува на самитот во Мајами

Свет | пред 1 седмица

— реклама —
media-library7b2po1sthnnv8xXcDjJ

Рубио повика на заедничка акција на земјите-членки на Г20

Свет | пред 1 седмица

media-library7b2po1sthnnv8xXcDjJ

Рубио негира дека САД престанале да ѝ доставуваат разузнавачки информации на Украина

Свет | пред 2 седмици

media-library7b2po1sthnnv8xXcDjJ

Рубио: Војната во Украина е во опасна позиција

Свет | пред 4 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања