Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Русија испраќа нова порака: „Ќе дејствуваме уште пожестоко“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
media-libraryvlcovd7qrkhh8btbTjp
Russian Foreign Ministry's official account

Рускиот претседател Владимир Путин е подготвен повторно да ги прими американските пратеници Стив Виткоф и Џаред Кушнер, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

— реклама —

„Не одбиваме да разговараме со нив. Ако дојдат, тие знаат дека рускиот претседател Владимир Путин е подготвен повторно да ги прими. Прашањето е, сепак, со што доаѓаат“, изјави Лавров во интервју за руски медиуми.

Тој истовремено рече дека Москва побарала од американскиот Стејт департмент информации за наводната вмешаност на САД во украински напади врз цивилни објекти на руска територија.

— реклама —

Лавров ја отфрли можноста Русија во овој момент да прифати прекин на борбите долж актуелната линија на фронтот во Украина. Според него, таков чекор би значел откажување од руските цели во конфликтот.

— реклама —

„Ако сега одеднаш застанеме на линијата на раздвојување, ќе дозволиме да биде прецртан подвигот на нашите предци кои го победија нацизмот. Тоа не може да се разгледува“, рече Лавров.

Рускиот министер го обвини Киев дека се фали со напади врз руски цивили и додаде дека Москва нема да ги применува истите методи.

— реклама —

Лавров најави дека Русија ќе продолжи со, како што ги нарече, „уште пожестоки дејствија“ насочени кон уништување на инфраструктурата и средствата што, според Москва, од Запад се користат за поддршка на украинската воена машина.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryjjqspgvuka6tamt3fMl

Русија трипати нападна објект на „Нафтогас“ во централна Украина

Свет | пред 8 часа

— реклама —
media-library6beh2hrj8fts0NyQ2Ak

(Видео) Украина испратила 28 копнени роботи во напад врз руски позиции кај Лиман

Свет | пред 14 часа

kremlj-moskva

Кремљ го објави составот на руската делегација за преговорите со САД и Украина

Свет | пред 17 часа

moskva-na

Москва најави „болен“ одговор кон Австрија по протерувањето на руски дипломати

Свет | пред 18 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања