Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Руски новинар открива детали за наводниот „харем“ на Владимир Путин

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Свет
putin-reakcija

Рускиот истражувачки новинар Роман Баданин, кој денес живее во азил во Калифорнија, ја објави книгата „The Tsar Himself: How Vladimir Putin Deceived Us All“, во која изнесува шокантни тврдења за приватниот и љубовниот живот на рускиот претседател Владимир Путин.

Баданин, поранешен уредник на истражувачката платформа Проект, беше уапсен и испрашуван од руската тајна полиција во 2021 година, откако објави интервју со млада жена за која се смета дека е негова непризнаена ќерка.

— реклама —

„Во Русија постои непишано правило: не ја допирај семејната приказна на Путин,“ изјави тој за Daily Mail.

Во книгата, што ја напишал заедно со новинарот Михаил Рубин, авторите опишуваат систематска мрежа на врски и тајни љубовници околу рускиот лидер, која ја нарекуваат „Путинов харем“.

— реклама —

Според нивните истражувања, првата позната врска на Путин надвор од бракот била со Светлана Кривоногих, поранешна чистачка која, според документите од Pandora Papers, станала сопственичка на имот вреден десетици милиони евра, како и јахта и станови во Москва и Санкт Петербург. Таа наводно со Путин ја добила ќерката Луиза Розова.

Потоа, во фокусот на јавноста доаѓа Алина Кабаева, олимписка шампионка во ритмичка гимнастика, која, според авторите, веќе две децении има посебен статус во животот на рускиот претседател. Таа во 2014 година беше назначена за директорка на Националната медиумска група, а медиумите ја нарекоа „тајната прва дама на Русија“.

— реклама —

Иако Путин во јавноста се претставува како заштитник на традиционалните семејни вредности, книгата наведува дека во неговиот внатрешен круг „полигамијата е норма, а секоја жена зависи од мажот за својот успех и богатство“.

Авторите спомнуваат и други контроверзни врски, меѓу кои и со 17-годишната студентка Алиса Харчева, која наводно станала дел од кругот блиски до претседателот по објавата на провокативен календар во негова чест. Подоцна, нејзиниот животен стил нагло се подобрил, со луксузен стан во центарот на Москва.

— реклама —

Иако Кремљ никогаш не ги коментирал овие обвинувања, книгата повторно ја отвора темата за личниот живот на Путин, кој и по повеќе од две децении на власт останува еден од најстрого чуваните аспекти на руската политичка сцена.

„Путин го контролира сè – и државата, и сопствениот наратив. Но, во секоја диктатура, приватноста на водачот е неговата најслаба точка,“ заклучува Баданин.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library6m0d6d4v1t8k2WaLf2M

Путин му честиташе на Трамп 250 години од независноста на САД

Свет | пред 3 дена

— реклама —
tramp-putin

Путин му честиташе на Трамп 250 години независност на САД: „Русија и Америка имаат заедничка одговорност за светот“

Свет | пред 4 дена

putin-5190

Расте незадоволството во Русија: пад на довербата и поддршката за Путин

Свет | пред 4 дена

putin-1

Путин ја прошири својата безбедносна служба: Кремљ ги засилува мерките за заштита

Свет | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања