Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Сабаленка: Со Ѓоковиќ одиме само по титулата на УС опен

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 ден -

Спорт
media-libraryqhqa7nred8kq7i28rO8

Најдобрата светска тенисерка, Арина Сабаленка, со нетрпение го очекува настапот во микс-двојки со Новак Ѓоковиќ на претстојниот УС опен, истакнувајќи дека нивната единствена цел е освојување на трофејот.

Белорусинката, која минатата сезона не настапи во оваа конкуренција поради повредата на својот тогашен партнер, Григор Димитров, изрази надеж дека овојпат сите учесници ќе бидат здрави.

— реклама —

„Се надевам дека овојпат сите ќе бидат здрави“, изјави Сабаленка.

Таа потсети дека и претходно настапувала со Ѓоковиќ на егзибициски натпревари и нагласи дека со нетрпение ја очекува новата соработка.

— реклама —

„Навистина се радувам. Секогаш е задоволство да се игра со Новак. Досега само еднаш во кариерата сум настапила во микс-двојки на грен слем, но ќе се бориме до самиот крај. Нашата цел е само титулата и верувам дека можеме да ја освоиме. Ќе биде и забавно и многу интензивно“, рече Сабаленка.

— реклама —

Натпреварите во микс-двојки на УС опен ќе се играат на 25 и 26 август, непосредно пред почетокот на главниот турнир.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryuneb6b9ntm7n7tZOoY8

Сабаленка ја поддржа одлуката на ВТА за задолжително генетско тестирање

Спорт | пред 11 час

media-libraryqhqa7nred8kq7i28rO8

Сабаленка низ солзи за семејните трагедии: Се будам плачејќи

Спорт | пред 2 месеци

media-libraryqhqa7nred8kq7i28rO8

Сабаленка за војната и Украинците: „Толку многу омраза – како јас да фрлам бомби“

Спорт | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања