Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

САД во борба против скапото гориво: Ослободуваат уште 53 милиони барели нафта од резервите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
nafta

Американското Министерство за енергетика синоќа објави дека ќе ослободи дополнителни 53,3 милиони барели нафта од Стратешките резерви со цел да се стабилизира пазарот погоден од војната меѓу САД и Иран.

Мерката е дел од поширок глобален план за намалување на енергетската криза и инфлаторните притисоци.

— реклама —

Оваа испорака е дел од американската обврска на пазарот да пласира вкупно 172 милиони барели нафта. На глобално ниво, повеќе од 30 држави, под координација на Меѓународната агенција за енергија, планираат да ослободат околу 400 милиони барели.

— реклама —

Од почетокот на конфликтот, цената на суровата нафта пораснала за околу 45 проценти, односно за приближно 30 долари по барел.

Главна причина за кризата останува затворањето на Хормушкиот Теснец, низ кој пред војната минувале околу 20 проценти од светските испораки на нафта и гас.

— реклама —

Според аналитичарите, дневно се блокирани меѓу 10 и 12 милиони барели сурова нафта и покрај алтернативните рути што ги користат Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати.

Американските Стратешки резерви се најголемите резерви на нафта за итни случаи во светот и се одржуваат од 1975 година. Досега од нив на пазарот веќе биле пуштени околу 35 милиони барели.

Минатата година глобалната потрошувачка на нафта изнесувала околу 103 милиони барели дневно, поради што ваквите интервенции се сметаат за неопходни за спречување дополнителен удар врз светската економија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library34jhrpvue0rl1pkUm1c

Војната со Иран и високите цени му создаваат проблеми на Трамп – 78 отсто од Американците ја обвинуваат неговата политика

Свет | пред 5 часа

— реклама —
media-libraryp8gvnvknpje55ZeD7Sc

„Се инфилтрирале во умовите на студентите“ – американскиот министер со обвинувања кон Кина

Свет | пред 6 часа

media-library5rg9vktsdai8cWyZrsT

Трамп го критикува укинувањето на коњските кочии во Централ парк

Свет | пред 18 часа

media-librarycjqr0d1rgi30dhW21rY

Полицаец пронашол мртов човек, му го украл идентитетот и се вселил во неговата куќа - морбиден случај во Флорида

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања