Деветнаесетгодишен скопјанец, кој бил баран со меѓународна потерница, денеска е екстрадиран од Србија.
Станува збор за Саит Саитов (19) од Скопје, кој се барал поради основано сомнение за сторени кривични дела „против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и „неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода“.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, кривично-правниот настан за кој се товари се случил на 9 јануари годинава во Скопје.
На Саитов му е определена мерка притвор, по што е спроведен во Затворот „Скопје“ за натамошна постапка.