Адвокатот Ѕвонко Давидовиќ во гостување во поткастот „Претрес со Ландов“ изјави дека роднините на Саит Саитов кој прегази жена во Скопје, не знаеле дека тој сторил кривично дело.
„Тоа се нивни роднини тие тврдат дека не знаеле за целава сообраќајка и дека со возило заминале за Србија за Врање што често пати го правеле. Дека таму ги запрела полиција моите клиенти, додека овие две лица се оддалечиле и станале недостапни. Полицијата им тврдела дека они направиле сообраќајка, биле збунети се вратиле во Македонија и на граница се приведени за сторено кривично дело помагање на сторител по сторено кривично дело. Колку што сум информиран, сторителот на тешки дела против безбедноста на сообраќајот, вчера е приведен, е најден во Србија, по потерницата во Македонија и ќе биде екстрадиран во Македонија. Такви информации добивме вчера, во Врање мислам, по тоа што сум информиран, но тоа е неофицијално, најверојатно се двајцата со таткото. Ми беше кажано само дека он е фатен по потерница, верувам и таткото, бидејќи и за него е издадена потерница, дека двајцата се приведени и дека ќе бидат екстрадирани во Р. Македонија да одговараат за она што едниот го сторил како тешки дела против безбедноста, а другиот, најверојатно, помагање на сторител по сторено кривично дело“, вели Давидовиќ
Тој е уверен дека роднините не учествувале во кривичното дело.
„Едниот сопругот, тоа се маж и жена, работи во Дирекција за Заштита и спасување, тие често пати патувале, има дете со посебни потреби, во Косово и Србија за суплементи и лекарства коишто се таму поевтини. Точно знаат дека ќе бидат регистрирани. Не можам да верувам дека, ако знаеле дека едниот е сторител на такво кривично дело, дека така заедно би преминала граница и би биле регистрирани, знаат дека ќе ги регистрираат и дека нема бегање од целата работа. Просто ми е неверојатно некој толку наивно да ја помине така границата. Мислам дека они ја напуштиле земјата околу 20 часот. Кога е настанот, навистина не знам. Мислам дека е 12 или 12 и нешто, претпоставувам. Бидејќи скоро ги добивме од обвинителство доказите за увид, па треба да го проверам“, додаде Давидовиќ
Денеска МВР соопшти дека Саит Саитов од Скопје, кој се бараше со меѓународна потерница за тешка сообраќајна несреќа во која беше прегазена жена, е лишен од слобода во Белград.
На 11 февруари 2026 година македонските институции биле известени од надлежните служби во Србија дека Саитов е уапсен врз основа на потерница распишана од Министерството за внатрешни работи. Тој се сомничи за сторени тешки кривични дела „против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и „неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода“, поврзани со настан што се случи во Скопје на 9 јануари 2026 година.
На Саитов му е одреден екстрадициски притвор во Србија. Следува постапка меѓу министерствата за правда на двете држави за негово екстрадирање во Македонија, каде треба да биде изведен пред надлежните органи и да се соочи со правдата.
Целото гостување и сите детали: