Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Само два танкери поминале низ Ормускиот Теснец: Сообраќајот падна на најниско ниво од мај

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
media-libraryif1oq0r658kfdHOMwCP
unsplash

Само два танкери вчера поминале низ Ормускиот Теснец, една од најважните поморски рути за глобалниот транспорт на енергенси. Тоа е најмал број товарни пловила што за еден ден ја поминале оваа стратешка рута од почетокот на мај, покажуваат податоците за движењето на бродовите.

Според платформата за следење на бродови „Кплер“, до 8:57 часот по средноевропско време низ Теснецот од Оманскиот Залив во Персискиот Залив влегле еден многу голем брод за транспорт на гас и еден многу голем танкер за сурова нафта.

— реклама —

Бројката е значително под десетдневниот просек од 14 пловила дневно. Во неделата низ Ормускиот Теснец поминале седум пловила од различен тип. Сепак, бројот може дополнително да се промени бидејќи дел од бродовите ги исклучуваат транспондерите за навигација при минувањето.

Прелиминарните податоци на платформата „Вортекса“ покажуваат дека вчера низ Теснецот бил транспортиран еквивалент од околу пет милиони барели нафта дневно. Во седумдневниот период до 23 август, просечниот дневен транспорт на нафта низ оваа рута изнесувал меѓу шест и седум милиони барели.

— реклама —

Дополнителен притисок врз поморскиот сообраќај создаде и одлуката на Иран да стави 45 танкери на црната листа поради, како што наведува Техеран, прекршување на неговите правила за минување низ Теснецот. Иран воедно предупреди дека може да преземе мерки и против пловила што со овие танкери вршат претовар на стока од брод на брод.

„Сè уште треба да се види како Иран ќе може да обезбеди почитување на овие правила од страна на пловилата што не ги почитуваат“, изјави висок пазарен аналитичар од „Вортекса“, предупредувајќи дека нова ескалација или напади врз бродови би можеле дополнително да го нарушат сообраќајот.

— реклама —

Пред почетокот на конфликтот, низ Ормускиот Теснец минувала приближно една петтина од светскиот поморски транспорт на сурова нафта и течен природен гас, поради што секое сериозно нарушување на сообраќајот може да има последици врз глобалните енергетски пазари.

Во меѓувреме, Иран се закани со одмазднички мерки поради проширените американски санкции, со кои Вашингтон настојува да го ограничи главниот извор на приходи на Техеран.

— реклама —

Американскиот министер за финансии Скот Бесент вчера претстави нови санкциски мерки, но не ги воведе најстрогите предвидени ограничувања. Тој предупреди дека државите и компаниите што ќе продолжат да тргуваат со Иран би можеле да го изгубат пристапот до финансискиот систем базиран на американскиот долар.

За разлика од Ормускиот Теснец, сообраќајот низ Баб ел-Мандеб, уште еден значаен поморски премин на спротивната страна од Арапскиот Полуостров, останува на вообичаеното ниво. Во понеделникот низ него поминале 30 пловила, во споредба со 28 во неделата, што е приближно во рамките на десетдневниот просек.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryru8s4ogg0h0ibD6dT62

Нови експлозии во Ормускиот Теснец: Иран тврди дека два танкера налетале на мини

Свет | пред 5 дена

— реклама —
media-libraryd9eo1lt3cbkf0VtbIgs

Танкер нападнат во Ормускиот Теснец, на трупот биле поставени две експлозивни направи

Свет | пред 1 седмица

media-library8ud7rds13skn3MIu41z

Осум земји во Истанбул разговараа за повторно отворање на Ормускиот Теснец

Свет | пред 2 седмици

media-librarysmnmrhnlilti7uJK1gF

Експлозија на нафтен танкер во Ормускиот Теснец, се сомнева дека удрил во поморска мина

Свет | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања