Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Савески: На функцијата сум само неколку денови, ќе се постапува по секој предмет за кој има законски основ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-librarygvjkn3rgmo1q7gRNdgY

Државниот јавен обвинител, Ненад Савески, на денешната седница на Советот на јавни обвинители истакна дека откако имал средба со јавните обвинители во Државното јавно обвинителство, и дека планира средби и со јавните обвинители во подрачјата на вишите јавни обвинителства, а потоа и со основните.

На прашање за изјавата на премиерот Христијан Мицкоски за работата на Катица Јанева и СЈО, Савески нагласи дека нема да коментира ничија изјава. Исто така, тој потенцира дека е на функцијата само неколку дена и дека за сите предмети, вклучително и за гласините за „предмети што се чуваат во фиока“, јавноста ќе биде навремено известена.

— реклама —

„Приоритет во овој момент е учеството на седниците, пополнување на испразнетите места и создавање на услови за работа таму каде што има недостаток на персонал. Секое постапување на Јавното обвинителство произлегува од законските регулативи“, нагласи Савески.

— реклама —

Во однос на барањата за изземање на обвинителката Ленче Ристовска и случајот со пожарот во Кочани, како и на информациите во врска со гувернерот Трајко Славески, Савески потенцира дека за сите постапки ќе се следат законските процедури и дека јавноста ќе биде информирана преку официјални соопштенија.

— реклама —

„Имајте во предвид, само неколку денови сум на функција. Сè што ќе дојде по редослед на одлучување, ќе биде известено на јавноста преку медиумите“ заклучи Савески.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryl1eaujscnrp0f3HuvQY

Савески: Ристоска ќе го водеше „Талир 2“ ако не поднесеше оставка

Македонија | пред 2 седмици

lence-ristoska

Ристоска го демантира Савески: Лично му кажав дека ако ми ги одземе предметите, ќе поднесам оставка

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryj7aepf2s8g3s2apFxpV

Савески бара финансиска поддршка: Сиромашно обвинителство не може да се бори против богатиот криминалитет

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryesibe4gtavkcbaKsJZO

Савески се сретна со италијанскиот амбасадор

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања