СДС и Филипче да покажат политичка одговорност, проактивно да соработуваат со правосудните органи и да се извинат на граѓаните што не го спречиле криминалот на Груби и ДУИ, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
filipce34

“СДС и Филипче додека беа власт се им дозволија на коалициските партнери ДУИ. СДС и Филипче дозволија криминалот да царува а корупцијата да се прошири до пандемиски размери”, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:

— реклама —

СДС молчеше и создаде атмосфера во која се перцепираа како немоќни, а истовремено беа дел и соучесници пред се она што беше очигледно а тоа е мегаломански криминал и пљачкање на народните пари.

СДС и Филипче беа директни сведоци на сомнителни активности, а во јавниот дискурс постојано проектираа слика на незнаење и неинформираност.

— реклама —

СДС и ДУИ да излезат на прес конференција и да се извинат на граѓаните затоа што дозволија 7 години да ги крадат народните пари.

СДС и Филипче да се изјаснат дали навистина имаат намера да покажат политичка одговорност, да започнат со јавно признавање на сопствените попусти и да се извинат пред јавноста за тоа што не презеле ништо за спречување на корупцијата од страна на ДУИ и Груби.

Филипче додека бил функционер во владата на СДС и ДУИ знаел за криминалните активности на Груби и ДУИ но молчел за да опстане криминалната коалиција ден повеќе на власт и токму поради тоа денес Филипче треба да помогне на правосудниот систем за докажување на криминалот.

СДС треба проактивно да соработува со правосудните органи и да ги сподели сите информации за кои има сознанија, за да придонесе кон расчистување на незаконските активности на ДУИ и Груби, во спротивно се друго е прикривање, и ја продолжува штетната практика на неказнивост.

СДС после два месеци откако скандалот и криминалот на Груби ја бранува јавноста се обидува да се дистанцира од ДУИ преку декларативни изјави за несогласување со нивните дејства.

Ваквиот пристап на СДС кој е лишен од конкретни чекори, не само што е површен туку ги прави соучесници и е недоволен за да се врати довербата кај граѓаните.

Ако СДС сака да изгледа барем малку одговорно, треба да се извини што го толерирале Груби, што не го спречиле кога имале шанса. А потоа, сите тие што му овозможија да дојде до оваа точка, мора да се повикаат на одговорност.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryr0nm7kal2loidVEYfFw

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ да престане да го брани Дехари, жртвите да добијат заштита

Македонија | пред 3 месеци

zaev-filipce-1

Дали 90 милиони денари од тендерот за ремонти на Марковски завршиле кај Заев и Филипче, праша Манасиевски

Македонија | пред 3 месеци

zaev-filipce-1

Ако Заев земал куферче со пари од Борисов, сега какво куферче бугарски пари земал Филипче за актуелниот трик наречен црвени линии, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 3 месеци

ck-dpmne

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со кривични пријави бега од одговорност и прикрива повици за убиство

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања