Промени тема
Контакт

СДСМ: Бајка на Мицкоски за провизија - цевка што ја нема, електрана што ја нема.,струја што ќе се увезе

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Македонија
sun-setting-silhouette-electricity-pylons

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Мицкоски вели: ќе донесеме гас, ќе правиме струја, ќе храниме дата-центри. Воздух и фреон, за да не ја пијат водата. Сè е чисто. Сè е модерно. Народот не е наивен. Сметката е проста, велат од СДСМ.

„За да има струја од гас, треба две работи. Цевка што носи гас. И електрана што работи.

Цевките со Грција и Србија ги најавува.  Капацитетот што го ветува - три, шест, осум милијарди кубици - не постои денес.

— реклама —

Денес мрежата издржува околу 800 милиони, трошиме околу половина милијарда. Тоа не е гориво за флота сервери.

Електрана што работи на гас има само една: ТЕ-ТО Скопје, околу 220 мегавати. Веќе работи. Прави струја и топлина за град Скопје. Не стои празна за Рамбл и за петте фирми без име.

ТЕЦ Неготино не е решение што сега произведува.

— реклама —

Новите централи се само на хартија. Хартијата не врти сервери.

Значи денес, ако влезе голем дата-центар, струјата не се раѓа од неговиот гас. Се купува. Се увезува. Или се зема од она што го плаќаат домаќинствата.

Кој увезува, знаеме. Мицкоски. Мрежата околу него. Партнерот Адамовиќ. Омилен бизнис: разлика на граница, провизија на сметка.

— реклама —

Прво рекоа нема да ја пијат водата. Сега најавуваат воздушно ладење и фреон. Тоа ја "пие" струјата повеќе. Водата ја трнаа од соопштенијата.

Киловатот го оставија на народот. Иста манипулација, друга амбалажа.

Нема цевка. Нема електрана. Нема евтина домашна струја за туѓ хардвер. Има интервју од Вашингтон и договор под радар. Дата-центрите што ги увезуваат се хардвер за туѓа дигитализација, не за Македонија.

— реклама —

Сè е лага. Сè е измама. Сè е манипулација.

Зад лагата стои увоз. Зад увозот стои каса и криминал и корупција.

Касата не е кај граѓанинот. Касата е кај арамијата“, велат од СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8kqrs88r772q9V7xswt

„Нов ребаланс затоа што нема пари за плати и пензии — следуваат нови долгови за граѓаните“, вели СДСМ

Македонија | пред 5 минути

— реклама —
media-library7kafgtnue3t2a3bRHDL

СДСМ: Предупредувавме, сега се случува: Ново задолжување од 250 милиони евра за до крај на годината

Македонија | пред 1 ден

media-library43a3fp3nvvsc29P6LA4

„Растот на платите е тема - а не дефокус со кратење на празници“, велат од СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-libraryd284jdr2diucdSIroCj

СДСМ: Светска банка му ја избриша таблата на Мицкоски, не сме трета економија туку една третина од Европа

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања