Промени тема
Контакт

СДСМ: Има ли некој што Мицкоски не го излажа – на сите пензионери им украде пари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
sdsm-zgrada-1-366121

СДСМ обвини дека Владата предводена од Христијан Мицкоски ги оштетила пензионерите со одлуката за линеарно зголемување на пензиите, наместо да продолжи методологијата за усогласување што ја воведе претходната влада.

— реклама —

Од партијата велат дека со зголемувањата од по 1.000 денари во септември 2025 и март 2026 година, пензионерите добиле помалку средства отколку што би добиле доколку продолжела методологијата на СДСМ.

— реклама —

Според нивните пресметки, при усогласувањето во септември 2025 година, пензионерите со најниска пензија би добиле зголемување од 1.280 денари, додека кај повисоките категории зголемувањето би било од 1.550 до 3.100 денари, со просек од околу 2.000 денари.

СДСМ посочува и дека при зголемувањето во март 2026 година, наместо линеарните 1.000 денари, пензионерите би добиле меѓу 1.500 и 1.800 денари доколку продолжела методологијата на СДСМ.

— реклама —

„Линеарниот модел на Владата ги оштети сите пензионери“, велат од СДСМ, додавајќи дека со ваквата политика, според нив, сите 347.296 пензионери изгубиле дел од средствата што би ги добиле со претходниот модел.

Од опозициската партија реагираат и на најавата дека Владата ќе се врати на методологијата за усогласување на пензиите, оценувајќи дека со тоа Мицкоски ги излажал и пензионерите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library43a3fp3nvvsc29P6LA4

СДСМ: Панче Тошковски ја пушти Михаилова, сè се работи под маса откако ВМРО-ОК е на власт

Македонија | пред 15 часа

— реклама —
media-library7kafgtnue3t2a3bRHDL

„Мицкоски најави 1.000 евра просечна плата а нема 600 евра за минимална, на бајките нема крај“, вели СДСМ

Македонија | пред 20 часа

media-library8kqrs88r772q9V7xswt

СДСМ: ВМРО-ОКГ призна пад на довербата од 40% па објави дека народот живее добро поради Гета и дека сака да го викаат талог

Македонија | пред 20 часа

media-libraryjfqruma9sjia1aAk49y

СДСМ: Арамијата собра сто луѓе, многу помалку отколку за Илинден - на празникот на оние што се бореа против Ванчо Михајлов

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања