Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

СДСМ: Како да има Мицкоски добри односи со студентите од Србија, кога Вучиќ им праќаше силеџии да им ги кршат главите, а тој со него пиеше вино?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
media-libraryqjpvfkvd9plb11Q6MZr

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Христијан Мицкоски изјави дека очекува добри односи со Србија и по победата на студентската листа. Како? Како да има добри односи со студентите што се бореа против неговиот шеф? Против Александар Вучиќ, менторот, диригентот и газдата на македонската банда, велат од опозициската СДСМ.

„Студентите се побунија против корупцијата што доведе до смрт на 16 луѓе на железничката станица во Нови Сад. На Мицкоски му се случи Кочани поради корупција. Истата матрица.

Како да има добри односи со студентите кога е дел од балканскиот картел? Кога е дел од Вучиќевата криминална мрежа на Балканот? Кога е дел од Орбан-Вучиќевата мрежа што се распаѓа, делче по делче?

— реклама —

Како, кога ја донесе Вучиќевата банка во Македонија? Алта банка, што Европската централна банка ја запре, што има забрана во Црна Гора, што е под истрага за сомнително потекло на капитал и што врши трансфери кон Москва. Банка чиј сопственик, Давор Мацура, до пред неколку години сопственик на менувачница, има барање за американски санкции врз него. Банка за која се смета дека е поврзана со семејството Вучиќ.

Мицкоски ја пумпа касата преку јавните претпријатија и министерствата право во таа банка. Тоа не се добри односи. Тоа е врска.

Како, кога ја донесе Ало групацијата и Информер во Македонија? Вучиќевата пропагандна машинерија. Медиумите што го нарекуваа својот народ „усташи“ и „терористи“, што ја нарекуваа студентската листа „силувачко-секташка“, што со години ја хранеа омразата. Латас и Ивона Талевска се пандан на Вучиќевиќ и Митровиќ.

— реклама —

Истиот метод. Истиот газда.

Како, кога Вучиќ им праќаше силеџии да им ги кршат главите на студентите, а во тоа време Мицкоски со него пиеше вино?

Како, кога навивачи, хулигани и криминалци Вучиќ праќаше против тие исти деца, а Мицкоски го зеде Адамовиќ од таа група да му биде партнер за струја, броила и да биде конзул на нашата земја?

Како?

— реклама —

Како, кога организираше митинг против студентите во Куманово? Како, кога неговиот министер е дел од БИА групата што ги апсеше студентите? Како, кога праќаше луѓе во Белград на митинг на Вучиќ и со него издаваше српски пасоши?

Како кога студентите се бореа против корупцијата, а Мицкоски ја градеше како систем?

Кога народот во Србија ја враќа државата во свои раце, а Мицкоски ја држи сопствената држава како плен?

Добри односи со студентите не се градат така.  Се градат со тоа што ќе одговара и Вучиќ и Мицкоски.

Падна Орбан. Падна Вучиќ. Следен е Мицкоски. Студентите победија. Народот ќе победи и тука“, се вели во партиското соопштение.


Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library1bt4smd6t3fj0PrtIRF

„Рудник во Иловица нема да има, народот ќе ви каже 'не'“ – Тренчевска со предупредување до власта

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryoectsngc9te1a174i6K

„Ние ја прокоцкавме шансата, Венко и ботовите не сфаќаат ништо“ – ексфункционерот Кичевски со жестоки критики кон СДСМ

Коментари | пред 1 ден

media-libraryo8gsngqa5ffq3huQUuP

СДСМ: „Вучиќ управува со Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, следуваат разврски во Србија“

Македонија | пред 1 ден

media-library6uepkmu2hnji14N3sL5

Лукаревска: Вториот ребаланс е потврда за погрешното планирање и погрешните економски политики на власта

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања