Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

СДСМ: Кога ќе им се извини Мицкоски на граѓаните за навредите?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
sdsm-zgrada-1-366121

Од СДСМ обвинија дека премиерот Христијан Мицкоски со месеци упатува навреди кон граѓаните, посочувајќи дека во своите јавни настапи користел квалификации како „талог на општеството“, „мекотели“, „коленичари“ и „медиокритети“.

— реклама —

Од партијата велат дека ваквите изјави се недозволиви за премиер и оценуваат дека, наместо да се извини, Мицкоски продолжува со навредите и преку своите постапки.

— реклама —

Во соопштението, СДСМ тврди дека премиерот, заедно со лидерот на Демократската партија на Србите во Македонија, Иван Стоилковиќ, ги навредувал и пратениците во Собранието.

Партијата ја поврза и неодамнешната ослободителна пресуда во предметот „Талир 2“, враќањето на „Белата палата“ и ослободувањето на Никола Груевски и Драган Павловиќ Латас, оценувајќи дека со тоа се испраќа порака дека криминалот се штити.

— реклама —

„Премиерот нема право од собраниската говорница да ги навредува граѓаните, ниту да го штити криминалот и криминалците. Тоа не е сила, туку ароганција и презир кон граѓаните“, наведуваат од СДСМ.

— реклама —

Од опозициската партија прашуваат кога Мицкоски ќе им се извини на сите граѓани кои, според нив, биле навредени од неговите изјави.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„За Алта банка Савески да почне од Мицкоски и Славески – сметките и трансакциите мора да се испитаат веднаш“, вели СДСМ

Македонија | пред 2 дена

— реклама —
media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 3 дена

media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 3 дена

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања