Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

„Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот

Во живо „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

СДСМ: Мицкоски ја задолжува државата секоја недела - додека граѓаните плаќаат сѐ поскапо

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-library2672l82he69g0mwZWZG

СДСМ обвини дека Владата предводена од премиерот Христијан Мицкоски ја задолжува државата речиси секоја седмица и оцени дека економската политика се сведува на постојано ново задолжување.

— реклама —

Од партијата посочуваат дека на 14 јули државата се задолжила со седум милиони евра од државните претпријатија, на 29 јули со 25 милиони евра од Светската банка, а на 5 август со нови 41 милион евра преку обврзници.

— реклама —

„За само три недели – нов долг од над 70 милиони евра. За две години над 2,5 милијарди евра ново задолжување. Ова не е економска политика. Ова е политика на постојано задолжување за покривање на тековни трошоци и тендери“, велат од СДСМ.

Од опозициската партија додаваат дека, според нив, инфлацијата ги намалува платите и пензиите, цените на основните производи и горивата растат, минималната плата е непроменета, а потрошувачката кошница постојано се зголемува.

— реклама —

Воедно, СДСМ тврди дека Македонија изгубила над 60 милиони евра од ИПА-фондовите за пругата кон Бугарија на Коридорот 8, бидејќи Владата не избрала изведувач, поради што, како што наведуваат, средствата ќе треба да се обезбедат со ново задолжување.

— реклама —

„Оваа Влада нема економска стратегија. Има само стратегија за преживување преку задолжување – на грбот на граѓаните и на идните генерации“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„За Алта банка Савески да почне од Мицкоски и Славески – сметките и трансакциите мора да се испитаат веднаш“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 2 дена

media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 2 дена

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања