Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

СДСМ: Мицкоски однапред подготвува алиби за неуспехот во јуни!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
media-library2672l82he69g0mwZWZG

Христијан Мицкоски денеска повторно ја најави својата нова стратегија: кога во јуни ќе се покаже дека нема напредок во реформите, виновен ќе биде СДСМ затоа што го „блокирал“ Изборниот законик, велат од СДСМ како реакција на изјавата на премиерот Христијан Мицкоски.

„Ова е класична  лага на Мицкоски.

ВМРО-ОКГ има апсолутно мнозинство во Собранието.

— реклама —

Токму како што го укинаа техничката влада без ниту еден глас од СДСМ, така можат да го донесат и Изборниот законик.

Не им треба СДСМ за закони – им треба изговор кога ќе пропаднат.

Мицкоски помпезно ветуваше дека „наскоро од Брисел ќе стигне вест дека сме рамо до рамо со Црна Гора“.

— реклама —

Сега однапред подготвува алиби зошто тоа нема да се случи. Затоа што во јуни нема да ги внесе малцинства во Уставот, нема да ги затвори 8-те отворени реформски точки и нема да ги реши проблемите што самиот ги создаде: криминал, корупција, контрола врз судство и обвинителство, 40% од медиумите дел од Орбановата мрежа.

Мицкоски лажеше за враќање на името, лажеше за укинување на Преспанскиот договор, лажеше за „трета економија во Европа“.

— реклама —

Сега подготвува нова лага – дека СДСМ е виновен за неговиот неуспех.

Нема да нè вовлече во своите лаги.

Мицкоски може да продолжи со лаги, да ветува и да бара виновници.

— реклама —

Граѓаните јасно гледаат: единствениот кој ја блокира Македонија кон Европа е токму тој – Мицкоски и неговата криминална организација“, се вели во реакциајта.

media-library5599haamqj8b3gCjaWK

Мицкоски за СДСМ: Тие не се борат за победа на наредните избори, туку за опстанок на раководството во партијата

Во врска со обвинувањата од страна на опозицијата дека нема напредок во исполнување на реформската агенда премиерот Хирстијан Мицкоски ги замоли граѓаните пораките кои доаѓаат од СДСМ да ги прифааќаат со резерва.„Би ги замолил граѓаните сите оние пораки што доаѓаат од страна на опозицијата да ги прифаќаат со резерва, бидејќи целта на оваа опозиција не е да испрати точна порака или да биде конструктивна и да понуди решение, туку целта е со лаги и шпекулации да привлече внимание. Тие не се борат н

Македонија | пред 6 месеци


Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„За Алта банка Савески да почне од Мицкоски и Славески – сметките и трансакциите мора да се испитаат веднаш“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 час

— реклама —
media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања