Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

СДСМ: Мицкоски призна - следува тоа што го најавивме, нов ребаланс и ново задолжување

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ преку соопштение обвини дека само околу два месеца по последниот ребаланс, Владата повторно најавува можност за прекројување на Буџетот, оценувајќи дека тоа ќе биде проследено со ново задолжување.

Од партијата тврдат дека приходите се пониски од очекуваното и дека буџетскиот дефицит се зголемува. Според нив, до крајот на годината дефицитот ќе надмине 900 милиони евра.

— реклама —

СДСМ ја отфрла оценката дека буџетските проблеми се должат на намалениот ДДВ за горивата, тврдејќи дека Владата не се откажала од акцизата и не го намалила ДДВ на горивата на 5 отсто.

— реклама —

Од партијата потсетуваат дека претседателот Венко Филипче, како што наведуваат, со месеци предупредувал на влошување на состојбата со државната каса и зголемување на буџетската дупка.

СДСМ оценува дека станува збор за, како што велат, неуспех на економските политики на Владата и тврди дека најавениот ребаланс ќе биде проследен со ново задолжување.

— реклама —

„Сè што најавивме се случува. Задолжувањето од 1,3 милијарди евра е веќе на хартија“, наведуваат од партијата.

— реклама —

Од СДСМ тврдат и дека за две години власта го задолжила народот со 4 милијарди евра, додека јавниот долг, според нив, достигнал околу 11 милијарди евра, односно околу 60 отсто од БДП.

„Долговите растат а пари за поголеми плати и пензии нема“, наведуваат од СДСМ, додавајќи дека, според нив, граѓаните ја плаќаат цената за политиките на Владата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarybusik94tnchbfo3guUM

Движењето ЗНАМ тврди дека повеќе од 30 члена го напуштиле СДСМ во Ѓорче Петров

Слајдер | пред 4 часа

— реклама —
media-librarytg6se3qaeag85vXuszA

СДСМ: Економската реалност е поинаква од ветувањата на Мицкоски

Македонија | пред 10 часа

media-libraryai70uklb91bl95snuYp

СДСМ: Измените на Законот за јавни набавки отвораат простор за корупција и договори без тендер

Македонија | пред 1 ден

media-librarydh478nk3bt4a8pTWIOs

(Видео) „На 13 ноември Скопје беше ослободено, а денеска е заробено од криминална власт“, вели Давчевски

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања