Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

СДСМ предупредува: Плановите за мигранти и изолацијата од ЕУ ја загрозуваат безбедноста и иднината на државата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-libraryjpljrul457pq5Ml74AC

СДСМ предупреди дека во Европа се случуваат сериозни процеси поврзани со миграциските политики, кои директно можат да имаат последици и за Македонија, особено во контекст на, како што наведуваат, намерната изолација на државата од Европската Унија и најавите за прифаќање мигранти. Според партијата, дури 27 земји членки на Советот на Европа побарале ревизија на Европската конвенција за човекови права, со цел да се олесни депортацијата на мигранти, вклучително и на лица осудени за тешки кривични дела.

Како што наведуваат од СДСМ, во Стразбур неодамна била потпишана заедничка декларација со која се бара нова правна рамка, бидејќи постојната Конвенција, според потписниците, не ги одразувала современите миграциски предизвици. Дел од земјите бараат можност за депортација на странци осудени за сериозни кривични дела, дури и во случаи кога нивните семејства живеат во земјата домаќин.

— реклама —

Според СДСМ, клучното прашање е каде би биле депортирани овие мигранти, при што се укажува дека најчесто станува збор за земји кои не се членки на ЕУ, како што се Македонија, Албанија и Косово, каде, како што тврдат, веќе започнало нивно сместување.

Од партијата оценуваат дека ова прашање е исклучително сериозно од две причини – најпрво поради најавите и разговорите за евентуално прифаќање мигранти во Македонија, а потоа и поради политиките на актуелната власт кои, според нив, ја држат државата надвор од европските интеграции. СДСМ смета дека изолацијата на Македонија од ЕУ е опасна и од безбедносен аспект, бидејќи би можела да ја претвори земјата во дестинација за мигранти осудени за тешки кривични дела.

— реклама —

Според нивните наводи, евентуалното доаѓање на ваков профил на лица би имало сериозни последици по безбедноста и стабилноста на државата, а дополнително би го блокирало и процесот на европска интеграција. Од СДСМ посочуваат дека доколку Македонија стане членка на ЕУ, автоматски би се отвориле вратите кон Унијата, што би овозможило овие лица повторно да се вратат во земјите од кои биле депортирани, поради што тие не ја гледаат Македонија како крајна дестинација, туку како транзитна точка кон побогатите европски држави.

Во реакцијата се наведува дека токму затоа, на ВМРО-ДПМНЕ, како што тврдат од СДСМ, ѝ одговара Македонија да остане изолирана од европските механизми, контроли и правосудни стандарди, што, според нив, овозможува непречено продолжување на коруптивни практики и избегнување одговорност. Од партијата сметаат дека одолговлекувањето на европскиот пат и создавањето нови изговори нема врска со заштита на националните интереси, туку со свесно оддалечување од Европската Унија.

„Резултатот е двоен ќар за ВМРО-ДПМНЕ – Британија добива можност да депортира мигранти за пари, а ВМРО-ДПМНЕ изолирана држава во која може непречено да владее без контрола“, наведуваат од СДСМ, додавајќи дека губитници во ваквиот сценарио се граѓаните и иднината на Македонија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library2672l82he69g0mwZWZG

СДСМ: Мицкоски однапред подготвува алиби за неуспехот во јуни!

Македонија | пред 10 часа

— реклама —
media-libraryhparun6lss652unJ5gS

СДСМ: 1 Мај е ден на борба, а не на празник

Македонија | пред 16 часа

media-librarypf1ndbblej5ceh3XlCx

СДСМ: Мицкоски нека се грижи за своето здравје – ние сме загрижени за здравјето на Македонија поради тебе

Македонија | пред 1 ден

media-libraryld6n5dnbs1kq1TZI382

СДСМ: Мицкоски, што вели Black Cube, дали визите се вистински или лажни како вашите вести

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања