Промени тема
Контакт

СДСМ: ВМРО спроведува организирана кампања за рушење на СДСМ одвнатре

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
media-libraryp5mhdaaci8rr8W43mqq

СДСМ денеска на прес-конференција обвини дека власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ спроведува координирана и организирана кампања за уривање на партијата одвнатре, со цел, како што беше посочено, да се замолчи објавувањето на наводни докази за криминал и корупција.

На пресот зборуваше Петар Огњеновиќ, член на Извршниот одбор на СДСМ, кој рече дека кампањата се интензивирала откако Антикорупцискиот тим на партијата (АКТ) започнал да изнесува сериозни податоци за корупција и сомнителни тендери поврзани со владата на ВМРО.

Според Огњеновиќ, станува збор за „целиот еден систем, еден октопод“, кој, како што рече, е инструиран од српската СНС и кој управува со коалицијата ВМРО–ЗНАМ. Тој наведе дека јавноста изминатиот период можела да забележи синхронизирани настапи на поранешни функционери и лица кои повеќе не се дел од СДСМ, а дел од нив, според него, завршиле во ЗНАМ.

— реклама —

Како конкретен пример, Огњеновиќ го посочи случајот со Јован Деспотовски, поранешен функционер на СДСМ и поранешен директор на ФИТР и ТИРЗ. Тој тврди дека по објавувањето на текст на Деспотовски во еден релевантен медиум, за помалку од две минути се појавил обемен и, како што рече, однапред подготвен текст на истата тема на порталот на Бранко Героски.

— реклама —

„Тоа може да значи само дека текстовите биле однапред координирани или пишувани во директна комуникација“, рече Огњеновиќ, додавајќи дека подоцна истиот портал објавил уште неколку текстови и колумна во одбрана на Деспотовски.

Од СДСМ оценуваат дека ваквите активности имаат за цел да ја ослабат партијата и да го запрат објавувањето на информации за наводен криминал на власта.

— реклама —

„Нема застанување. Антикорупцискиот тим работи и сè ќе биде објавено. СДСМ нема да се повлече – вистината и правдата ќе победат“, порача Огњеновиќ, додавајќи дека, според партијата, „работата не е завршена“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryn3ugtfmiffgkek0Fi1u

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не шират паника, Филипче да не се грижи, пензискиот фонд е стабилен

Македонија | пред 9 часа

— реклама —
media-libraryhqad4r76cv7d9qnMbjp

СДСМ: Тошковски бара ЕУ да нè гледа како другите – ЕУ гледа „банда на власт“, тоа не е народот

Македонија | пред 11 час

media-libraryq3823t9651499RRxtqD

(Видео) Цветаноски: Арамијата Мицкоски ги турна земјоделците во длабока криза - мерките на СДСМ се спас

Македонија | пред 15 часа

media-libraryfr7h64ac7ci75JEPiMq

„Ходник дипломатија на Мицкоски со 50 луѓе на екскурзија и антимон со вредност помала од DЈ“, велат од СДСМ

Македонија | пред 18 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања