Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

СДСМ за Груевски: Своите „машки“ комплекси и кризата на средни години ги лекува со фарбање коса, филери и ботокс

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
nikola-gruevski-45

Никола Груевски, некогашниот „голем“ премиер на Македонија, човекот што така „мајсторски“ ја зави земјата во црнило, ја остави во безнадежност и сонуваше за изолација само за себе и за својата клика. Парадоксално, нели?, прашуваат од СДСМ во денешното соопштение.

— реклама —

„Денес, тој гениј сместен удобно во срцето на Европската Унија, токму таму каде што никогаш не сакаше да ја однесе Македонија. Како ли само дише европски воздух без да се задуши од иронија?

Овој морален мал човек (иако се покажа дека има идеална големина за во гепек, додека бегаше преку граница), во секоја смисла на зборот, сега дели мудрости откако побегна од правдата.

— реклама —

Човекот кој прислушкуваше 20.000 граѓани, апсеше, купуваше Мерцедес од 650.000 евра (народни пари нормално) и очила за сонце од 30.000 евра (за подобро да ја види сопствената корупција).

Човекот кој изнесе 2 милијарди од земјата (а сега вели не бил сигурен дали биле 2 или 7 милијарди, очигледно многу пари за броење), веројатно за да си го финансира сонот во азил.

Тоа е истиот тој Груевски чијшто најблизок круг го сочинуваат: министерка за внатрешни работи што возела украден автомобил, ни помалку ни повеќе од Дејвид Бекам, министри што закупувале цели катови во луксузни хотели, и се занимаваат со криминал.

Херој?Никако. Повеќе личи на Мики Маус, Дизни јунак од цртан филм кој држи лекции на другите.

Наместо да седи во Идризово и да пишува мемоари со наслов „Како ја ограбив Македонија“ (би бил бестселер), тој од својот будимпештански луксуз произведува Будимпештански бајки за деца, измислени приказни од чиста досада.

Своите „машки“ комплекси и кризата на средни години ги лекува со фарбање коса, филери и ботокс како телевизиска ѕвезда од сапунска серија, во криза.

Тоа е Никола – нашиот „beauty influencer“ и трендсетер!

И покрај активното пишување бајки и белетристика, тој стигнува, како некогаш, насекаде – дури и да ја води својата партија од далечина. Активно учествува во кампањата на ВМРО-ДПМНЕ, плукајќи по луѓе со измислени Дубаи сказни за деца, против оние што донесоа слобода за Македонија.

И го остави малиот Мицко да го продолжува неговиот славен пат. Зошто самиот да го работи валканиот дел од работата кога некој друг може наместо него, и тоа од далечина?

Никола, наш црн Грујо, биди барем еднаш во животот маж и дојди во Скопје. Ќе ти приредиме убав пречек. Ќе има многу луѓе, ротации, протокол, лисици, сè на највисоко ниво, баш како што сакаш.Смееш ли?

Или, можеби, си се навикнал на унгарски гулаш па не ти одговара македонско тваче гравче”, стои во соопштението од СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarypq0dvrui93qffoyBpOO

СДСМ: Сакајќи да се испере за куќниот притвор Обвинителство го закопа Мицкоски

Македонија | пред 8 часа

pari-1

СДСМ: Дефокус не го полни фрижидерот, потребна е 600 евра минимална плата

Македонија | пред 11 час

media-librarynjdtlpbns75tely7ZBc

СДСМ: Дилот ВМРО–ДУИ му донесе куќен притвор на Груби

Македонија | пред 11 час

media-librarybl8dm9ud2j6na7HpA0p

Куќниот притвор за Груби е доказ дека постои договор, реагира СДСМ

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања