Промени тема
Контакт

Се отвора патот за редовни летови меѓу Скопје и Саудиска Арабија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
media-libraryb3app3gtnr7tes6kdky

Министерството за транспорт ја започна постапката за склучување Спогодба за воздушен сообраќај со Кралството Саудиска Арабија, со цел воспоставување директни и редовни авиолинии меѓу двете држави.

Министерот за транспорт Александар Николоски соопшти дека со спогодбата ќе се создаде правна рамка која ќе овозможи регулирање и воспоставување на воздушен сообраќај меѓу Македонија и Саудиска Арабија, со оглед дека досега меѓу двете земји не се одржувале редовни летови.

— реклама —

Според Николоски, воспоставувањето директна авиолинија ќе придонесе за продлабочување на билатералните односи, зголемување на економската и трговската соработка, како и за раст на туристичкиот промет и инвестициите.

— реклама —

Македонија и Саудиска Арабија, како што беше посочено, негуваат пријателски односи и заемна заложба за унапредување на соработката во повеќе области од заемен интерес.

— реклама —

Од Министерството најавуваат дека во наредниот период ќе се преземат сите неопходни активности за започнување на официјалните процедури, во согласност со националните прописи и меѓународните стандарди во областа на цивилното воздухопловство.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryqtbviarmm6kc9q0VWAo

Николоски: Потребни се фер услови за македонските компании и долгорочни визи за превозниците

Македонија | пред 4 дена

— реклама —
media-libraryume37h0e4tda2shAPm6

Николоски: Државите кои инвестираат во стратешки проекти напредуваат во 21 век

Македонија | пред 6 дена

media-libraryujpsv7ro50dudbAhNfv

Николоски: Економскиот напредок на Македонија во фокусот на соработката со Фондацијата „Конрад Аденауер“

Македонија | пред 1 седмица

media-library0aagao4f19jceFM2dfr

Николоски: Ветерни паркови, нов аеродром и когенеративни централи – храбро грабиме во 21 век

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања