Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Се поставуваат фотоволтаици и се подобруваат условите во повеќе образовни установи во Свети Николе

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-library5b65qemhpef9fLYcR2q
Илустрација

Подобрувањето на условите во образовните установи во Свети Николе продолжува со инвестиции во енергетска ефикасност и уредување на објектите. Во повеќе училишта и градинки се поставуваат фотоволтаици, а се реализираат и други инфраструктурни зафати.

— реклама —

Министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска, денеска го посети Свети Николе, каде заедно со градоначалникот Дејан Владев изврши увид во тековните активности.

— реклама —

„Драго ми е што локалната самоуправа во континуитет се труди да гради поквалитетно образование на локално ниво, а тоа е идентична цел и на Владата и Министерството за образование и наука на национално ниво. Секако, кога целите се идентични, заложбите се многу поефективни. Инфраструктурата е еден од основните предуслови за да имаме добар воспитно-образовен процес“, рече Јаневска.

Таа му се заблагодари на градоначалникот за, како што истакна, грижата за најмладите и порача со таквите активности да продолжи и во иднина.

— реклама —

Владев информираше дека станува збор за инвестициски циклус вреден околу 13 милиони денари. Со средствата се поставуваат фотоволтаици во три основни училишта и две градинки, а во дел од установите се уредуваат и дворовите.

Во Средното општинско училиште „Кочо Рацин“ се поставуваат фасада и покрив, со средства обезбедени од Владата преку повикот за финансирање капитални проекти на општините.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryj0me57nr0uu00uTeiFL

Во „Стив Наумов“ откорнале радијатор, фрлале влажни марамици во канализација и палеле цигари во собите, велат од МОН

Македонија | пред 6 дена

— реклама —
media-library2lu3euolp37rd6bAm11

Над 10.800 средношколци учат според модернизирани наставни програми, во кои се вклучени СТЕМ-компетенциите, зелените и дигиталните вештини во сите струки

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryfn0olm7epgef1GHZtQt

Од употреба се повлекуваат 14 учебници за седмо одделение

Македонија | пред 1 седмица

media-library942qinga5e9r9wfwpfz

Јаневска: сите реформи се итни – работиме на подобрување на квалитетот на образованието и усогласување со пазарот на труд

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања