Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

„Секојдневно се бориме за нивниот живот“: Вукашин и Теодора се уште во тешка состојба, срцето им е цврсто, а повредите опасни, велат докторите од Нови Сад

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
Screenshot-2024-11-27-132207

„Борбата на лекарите во Нови Сад за двајца пациенти, кои беа тешко повредени при пад на настрешница во Нови Сад не е престаната. Секојдневно се бориме за нивните животи“, е пораката пренесена во дневникот на РТС.

— реклама —

Директорката на Клиниката за анестезија, интензивно лекување и терапија на болка, Теодора Тубиќ, претходно изјави дека пациентите се уште се свесни и дишат суфициентно, што значи дека дишат спонтано со едно снабдување со кислород, хемодинамски се стабилни, што би значело дека нивниот артериски притисок е стабилен, како и отчукувањата на срцето. Впрочем, тоа се млади луѓе, со силно срце, но повредите се тешки, вели докторката.

„Не е неопходно да добиваат дополнителни лекови кои би ги одржале во стабилна состојба. Секојдневно благодарение на анестезиолозите и хирурзите се вршат конзилијарни прегледи, се прават сите потребни помали хируршки интервенции и завои“, рече Тубиќ. Таа додаде дека за психичката состојба на пациентите е особено важно во нивното лекување постојано да учествуваат и невропсихијатар и тим од клинички психолози.

— реклама —

— реклама —

Теодора Мартинко, млада мајка со едногодишно бебе кое чека дома, преживеа две ампутации на долните екстремитети. Теодора, која од под урнатините викна - кажете ѝ на ќерка ми дека „Мама многу ја сака“, ги потресе сите.

Тешко повреден е и младиот Вукашин. Соседите на тешко повреденото 18-годишно момче од Змајево ги повикаа сите индивидуално да му помогнат на неговото семејство, но и на семејството на тешко повредената Теодора (23).

— реклама —

Да потсетиме, во несреќа на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември загинаа 14 лица, а тројца беа тешко повредени. Една од тројцата повредени, Ања Радоњиќ (24) од Параќин, почина на 17 ноември во Клиничкиот центар во Војводина. Таа е 15-та жртва на несреќата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryasi9t9tfmd2pdqCrOXe

Академскиот пленум: Србија наскоро повторно ќе стане правна држава

Свет | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryk8guh1n8tl9c80keZgf

(Видео) Преполни улици во Нови Сад: Граѓаните пристигнаа пред станицата и оставија цвеќе во чест на загинатите

Свет | пред 1 седмица

media-librarynrrsnfan06hoamBKr8t

(Видео) Со венци и пораки за загинатите, три колони граѓани тргнаа кон железничката станица во Нови Сад

Свет | пред 1 седмица

media-libraryjb7gp39cenvhcMABEmc

Две години од падот на настрешницата во Нови Сад: Сè уште нема судска разрешница за смртта на Македонецот Саздовски и уште 15 лица

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања