Промени тема
Контакт

Селото Чаниште надвор од опасност, три пожари сè уште активни

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-librarylv26j4tchi4t74mZPi1

Високите температури и силниот ветер го отежнуваат справувањето со пожарите во земјата. Во последните 24 часа се регистрирани 37 пожари на отворен простор, а пожарот кај Чаниште, според директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, е најголемиот ова лето.

— реклама —

Селото Чаниште во моментов е надвор од опасност, но пожарот се движел кон Мариово, односно кон Крушевица. На терен се ангажирани екипи на ДЗС, пожарникари од Прилеп и четири возила „Пинцгауер“, а во гаснењето учествува и полициски хеликоптер. Силниот ветер и непристапниот терен дополнително ја отежнуваат интервенцијата.

Ангелов информираше дека сите пожарникари и лица ангажирани во гаснењето се безбедни, но во текот на ноќта работник со багер се повредил на ногата, при што се очекуваат дополнителни информации за неговата состојба.

— реклама —

„Во секој момент важно е да немаме опасност за ниту едно село. Сите пожарникари и сите лица што учествуваат во гаснењето на пожарот се живи и здрави“, изјави Ангелов.

— реклама —

Тој упати апел до граѓаните да бидат особено внимателни и да не палат оган на отворен простор.

„Ова е најголемиот пожар ова лето. Иако има ретки грмушки и ретка шума, со слаб квалитет, сепак тоа е вегетација и се бориме да ја спасиме“, порача Ангелов.

— реклама —

Пожарот на депонијата во Делчево е ставен под контрола, додека во повеќе општини во земјата пожарникарите изгаснаа други пожари. ЦУК повторно апелираше до граѓаните при појава на пожар веднаш да го пријават на бројот 112.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library6nieum4ej154cVJksVP

Нема активни пожари на отворено, ЦУК регистрира 28 пожари во 24 часа

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryhh5dg8plv2epeFdas1H

Еден пожар активен, еден под контрола, четири изгаснати

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryfqak0nlofmne1XbCJ8g

Нема активни пожари во Македонија, во едно деноноќие регистрирани 24 пожари на отворено

Македонија | пред 2 седмици

media-library4npddjapi8h6aq6SM4N

Четири активни пожари во Македонија, најкритично кај Македонски Брод, Чучер-Сандево, Неготино и Новаци

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања