Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Шест лица приведени за семејно насилство во едно деноноќие

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-libraryq5u4hu2k7ibf5WxP36M

Во последните 24 часа полицијата евидентирала седум случаи на семејно насилство низ државата, при што шест лица биле лишени од слобода поради физички напади и закани кон членови на семејството, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Во Скопје бил приведен 36-годишен скопјанец кој, според пријавата, физички го нападнал својот 60-годишен татко.

— реклама —

Во штипско село, 25-годишна жена пријавила дека била физички нападната од сопругот, кој претходно ги нападнал и нивните малолетни деца. Жената и децата биле згрижени преку Центарот за социјални работи.

— реклама —

Во Куманово, 26-годишен маж бил приведен поради сомнение дека физички ја нападнал 16-годишната ќерка на својата вонбрачна сопруга.

Во Велес биле приведени две лица. Едниот, 53-годишен велешанец, физички го нападнал својот 16-годишен син, а при интервенцијата било утврдено дека бил под дејство на алкохол со 1,87 промили. Друг 34-годишен жител на Велес бил лишен од слобода поради закани кон неговите родители, а алкотестирањето покажало 0,87 промили алкохол во крвта.

— реклама —

Во тетовско село, полицијата привела 38-годишен маж откако неговата мајка пријавила дека физички ја нападнал по расправија.

— реклама —

Во Гостивар, пак, 42-годишен маж бил приведен по пријава од сопругата, со која е во бракоразводна постапка, дека ја нападнал физички и ѝ го оштетил автомобилот.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на сите случаи, по што против осомничените ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryntk5gaho89asfudYycD

Две лица со автомобил се обиделе да прегазат полицајци во Чегране

Македонија | пред 47 минути

— реклама —
media-libraryd1gkjdhbrm0u7RnvdbW

Приведен 56-годишник во валандовско, полицијата му пронашла пушка и муниција без дозвола

Македонија | пред 55 минути

media-library3l2kotb27s0t1BbWf5j

МВР за пет часа казни 221 пешак, санкционирани и 179 возачи

Македонија | пред 2 часа

media-library442u516q70206nazeAm

Возач удрил жена во Куманово и избегал

Македонија | пред 22 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања