Промени тема
Контакт

Шест активни пожари беснеат низ земјава, два се под контрола

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-library80ut1svb25vc0HZ0iWD
unsplash

На територијата на земјава до 13 часот денеска се регистрирани 12 пожари на отворен простор, од кои шест и натаму се активни, два се ставени под контрола, а четири се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи.

— реклама —

Активни се пожарите во општина Студеничани, на потегот Моране – Вртекица – Рамни Габер, каде што гори мешана шума, како и во Македонски Брод, на месноста Видуш кај Драгов Дол и кај Локвица, каде што е зафатена ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки.

— реклама —

Пожар има и во општина Новаци, на потегот Маково – Црничани – Рапеш, каде што гори ниска вегетација и деградирана шума. Активен е и пожарот кај селото Слп во Велес, каде што се зафатени ниска вегетација и ретка дабова шума.

Меѓу активните пожари се и оној кај Копанце во општина Јегуновце, каде што гори шума, како и пожарот кај Зајас во општина Кичево, каде што е зафатена нискостеблеста шума.

— реклама —

Под контрола се пожарите на потегот Алданци – Норово во Крушево, каде што гори нискостеблеста деградирана дабова шума, и пожарот на градската депонија во Делчево.

— реклама —

Во текот на денот се изгаснати четири пожари – кај Лознани и Вашарејца во општина Могила, кај Лопатица во Битола, кај Сушево во Штип и на улицата „Иво Лола Рибар“ во Тетово.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library6nieum4ej154cVJksVP

Нема активни пожари на отворено, ЦУК регистрира 28 пожари во 24 часа

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryhh5dg8plv2epeFdas1H

Еден пожар активен, еден под контрола, четири изгаснати

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryfqak0nlofmne1XbCJ8g

Нема активни пожари во Македонија, во едно деноноќие регистрирани 24 пожари на отворено

Македонија | пред 2 седмици

media-library4npddjapi8h6aq6SM4N

Четири активни пожари во Македонија, најкритично кај Македонски Брод, Чучер-Сандево, Неготино и Новаци

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања