Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Си-Ен-Ен: Американската администрација крие информации за војната со Иран

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
media-library66h95ii86ar5aDVpbdj

Американската телевизија Си-Ен-Ен објави анализа во која оценува дека јавноста не добива доволно информации за американската воена кампања против Иран, наведувајќи дека Пентагон веќе два и пол месеци нема одржано прес-конференција, а министерот за одбрана Пит Хегсет не ја објаснил воената стратегија зад последните воздушни напади.

— реклама —

Според анализата, за разлика од претходните воени конфликти, кога претставници на американската војска редовно одговарале на прашања од новинарите, денес пристапот до информации е значително ограничен. Си-Ен-Ен наведува дека Хегсет вовел построги ограничувања за медиумите и го намалил обемот на официјалните информации што ги објавува Министерството за одбрана.

Телевизијата пишува дека новинарите што ја следат војската сè почесто се принудени да се потпираат на анонимни извори, иако Хегсет неодамна најавил формирање работна група за откривање и гонење на лицата што оддаваат доверливи информации.

— реклама —

Според анонимни извори цитирани од повеќе американски медиуми, Пентагон не објавил детали за неодамнешните напади врз американските сили во Јордан и Ирак, во кои имало повредени војници и оштетена воена опрема.

— реклама —

„Њујорк тајмс“ објави дека Иран извршил уште три напади врз американските сили во Јордан, при што биле повредени десетици војници, но Пентагон не ги потврдил овие информации ниту објавил податоци за последиците.

Во анализата се наведува и дека администрацијата на претседателот Доналд Трамп не соопштила како војната влијаела врз американските резерви на оружје, ниту како Иран успеал да ги зачува и обнови своите ракетни капацитети.

Во меѓувреме, Трамп продолжува јавно да тврди дека САД имаат целосна надмоќ над Иран, додека дел од американските медиуми укажуваат на несогласување меѓу официјалната реторика и информациите што протекуваат од безбедносните кругови. Анализата на Си-Ен-Ен заклучува дека недостигот од транспарентност отвора сè повеќе прашања за текот и стратегијата на американската воена операција.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library362ucteqq34kcKqKHyw

(Видео) Крвав инцидент во САД: Едно лице загина, осуммина ранети во пукање пред стадион

Свет | пред 2 часа

— реклама —
media-libraryetjmqfmacn7u0iabNim

САД издадоа итно предупредување за можен напад врз музеј и парк во Москва

Свет | пред 16 часа

media-libraryumbu21pcj1j54KMMoFP

Удар за администрацијата на Трамп пред изборите: Судот забрани притисоци врз изборните службеници

Свет | пред 1 ден

media-libraryiv4ibsq218v9ckoGtY7

САД ја откажаа заедничката фотографија на министрите од Г20 поради присуството на Лавров

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања