Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Си-Ен-Ен: Кризата во Ормускиот теснец влегува во опасна пат-позиција

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
media-libraryabq8cv2koqk948R6I44

Во најтешките денови на Кубанската ракетна криза, американскиот претседател Џон Ф. Кенеди приватно се прашувал која страна прва ќе попушти.

Според анализа на Си-Ен-Ен, слична логика денес владее околу Ормускиот теснец, каде што Иран практично го ограничи нормалниот комерцијален поморски сообраќај, барајќи бродовите да минуваат низ ирански води и да плаќаат транзитни такси.

— реклама —

Како одговор, САД вовеле блокада на иранските пристаништа, порачувајќи дека ако светот не може слободно да го користи теснецот, тогаш нема да може ниту Иран.

Според анализата, двете страни веруваат дека времето работи во нивна корист и дека другата страна прва ќе попушти.

— реклама —

Иран, и покрај тешката економска криза и инфлацијата, покажува подготвеност да издржи долгорочен притисок за да го зачува својот систем и влијание во регионот.

— реклама —

Од друга страна, американскиот претседател Доналд Трамп тврди дека САД не чувствуваат голем притисок, иако нарушувањата во снабдувањето со нафта постепено влијаат врз светската економија.

Си-Ен-Ен наведува дека постојат три можни сценарија: продолжување на пат-позицијата, дипломатски компромис или воено решение.

Но, според анализата, ниту една од опциите не нуди брз и стабилен излез од кризата.

Во текстот се посочува и дека заливските држави веќе почнале да развиваат алтернативни енергетски и транспортни рути за да ја намалат зависноста од Ормускиот теснец и од иранското влијание врз него.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8ud7rds13skn3MIu41z

Осум земји во Истанбул разговараа за повторно отворање на Ормускиот Теснец

Свет | пред 2 дена

— реклама —
media-librarysmnmrhnlilti7uJK1gF

Експлозија на нафтен танкер во Ормускиот Теснец, се сомнева дека удрил во поморска мина

Свет | пред 1 седмица

media-librarysaecaqc3pilr1Dz1i88

Два товарни брода погодени кај Ормускиот Теснец, еден потона

Свет | пред 1 седмица

media-libraryif1oq0r658kfdHOMwCP

Два комерцијални брода погодени од непознати проектили во Ормускиот Теснец

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања