Промени тема
Контакт

Сиљановска Давкова: Безбедносната состојба е стабилна, не се очекуваат безбедносни проблеми

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
IMG_4069

Една од темите на седницата на Советот за безбедност била и безбедносната состојба.

— реклама —

„Безбедносната состојба е стабилна и под контрола”, изјави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

Како што посочи, на седницата се зборувало за безбедносните дилеми во светот кои ги засегаат сите држави, па и нашата.

— реклама —

„Од воведните излагања и од средбата заклучокот беше дека, сепак, регионалната безбедност е стабилна и под контрола и во земјава не се очекуваат некакви безбедносни проблеми и дилеми. Главно се говореше за состојбата во регионот, она што се случува во Босна и Херцеговина, каде што често слушаме сецесионистичка реторика, институционалната криза во Косово поради неможност да се конститурираат органите, како и во соседна Србија каде има низа сериозни проблеми. Но од аргументите и од податоците што ги имаме, заклучокот е дека, сепак, и покрај овие проблеми и предизвици не се очекува тие да се одразат врз македонската безбедносна состојба”, изјави претседателката истакна Сиљановска-Давкова.

— реклама —

За состојбата на Блискиот Исток, истакна дека кај сите присутни на состанокот биле неподелени ставовите за потреба од мир.Рече дека за тоа немаме сигурни гаранции зашто преговорите се во тек па се прекинуваат.

„Честопати велам дека очекував поангажирана и поактивна Организација на Обединетите нации која, за жал, е маргинализирана”, изјави претседателката по седницата на Советот за безбедност.

На седницата на Советот за безбедност се дискутирало и за евроинтеграциите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3jrucfj47n3q9Pm3jhg

Сиљановска-Давкова ќе учествува на 22. Европски самит во Салцбург

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
Vila-Vodno

Сиљановска-Давкова ќе ги прими талентираните ученици по повод 35 години независност

Македонија | пред 1 месец

media-librarykqkk9dv389dnblcdXqz

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со добитниците на признанието „Инженерски прстен“

Македонија | пред 1 месец

media-libraryncsau0cgb2rgbD77LPH

„Пензионирањето не е крај на активниот живот, туку нова можност за мудроста и искуството“, вели Сиљановска-Давкова

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања