Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Сиљановска Давкова ги додели стипендиите „Борис Трајковски“ за академската 2024/2025 година

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Foto-12

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ги додели стипендиите „Борис Трајковски“ за академската 2024/2025 година на 20 најдобри студенти кои своето образование ќе го продолжат на Eвропскиот кампус на Универзитетот Јорк, СИТИ КОЛЕЏ во Солун, Грција.

— реклама —

Во своето обраќање на настанот, претседателката Сиљановска Давкова рече дека студирањето на Европскиот кампус на Универзитетот Јорк, СИТИ КОЛЕЏ во Солун, е вистински интелектуален и животен предизвик за секој млад човек решен да го продлабочи знаењето, да ги прошири видиците надвор од татковината, витешки да се натпреварува и да другарува со младите од различни држави и култури, да учи од еминентни професори, да се усовршува и облагородува.

„Продолжете ја мисијата на претседателот Трајковски во градењето на разбирање, пријателство, добрососедство и соработка, во случајов преку образовна, научна и културна дипломатија меѓу двете држави. Докажете дека образованието и знаењето зближуваат, а не делат“, истакна Претседателката.

— реклама —

На добитниците на стипендии, Претседателката им порача дека двојната диплома како круна на успешното студирање ќе ги направи посигурни во себе, ќе ја зголеми нивната самопочит и ќе им отвори многу врати за професионален ангажман и ќе ја поттикне образовната мобилност.

„Сигурна сум дека вашиот избор за стипендисти не е случаен, туку заслужен. Верувам и посакувам да бидете пример за идните студенти како што претседателот Трајковски беше и остана инспиративен пример на политички лидер со дигнитет, интегритет и духовна длабочина!“, рече претседателката Сиљановска Давкова.

Поздравувајќи ги стипендистите, министерката за образование и наука, Весна Јаневска истакна дека стипендијата „Борис Трајковски“ е добра можност студентите да добијат двојна диплома: од Универзитетот Јорк и од Универзитетот во Стразбур, а за време на студиските престои во Велика Британија, Франција и Грција да бидат дел од нови, динамични средини, да учат, но и да се дружат со млади кои доаѓаат од различни култури создавајќи трајни пријателства.

„Како држава ја поддржуваме образовната мобилност и политиките на Европската Унија за справување со одливот на мозоци, а Владата, преку мултиресорски пристап, креира мерки и активности за да се намали заминувањето на кадрите кои нам ни требаат“, нагласи министерката Јаневска.

Посакувајќи им добредојде на стипендистите на Европскиот кампус на Универзитетот Јорк, СИТИ КОЛЕЏ, директорот Јоанис Верверидис истакна дека извршната МБА е меѓународна програма, испорачана од меѓународни професори од висок калибар, чија цел е подобрување и развој на нивните лидерски и менаџерски вештини.

„Наша цел е да ви понудиме уникатно меѓународно образовно искуство што ќе ви овозможи да се остварите и да напредувате во глобалното опкружување и да направите разлика во општеството и економијата на вашата земја и на целиот регион, придонесувајќи за јавното добро“, нагласи директорот Верверидис.

Стипендиите „Борис Трајковски“ за студии од втор циклус на извршната МБА програма се доделуваат од 2003 година и досега се доделени 297 стипендии. Доделувањето на овие стипендии е резултат на успешната соработка меѓу Претседателот, Министерството за образование и наука, Меѓународната фондација „Борис Трајковски“ и СИТИ КОЛЕЏОТ во Солун. Годинешните стипендисти ќе се стекнат со две дипломи за мастер студии по деловна администрација и тоа од Универзитетот Јорк, Обединетото Кралство и од Универзитетот во Стразбур, Франција.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

filkov-siljanovska-2

Орден „8 септември” за Кедев од Сиљановска-Давкова

Македонија | пред 1 месец

siljanovska-davkova-4

Партиите да седнат и да се договрат како ќе настапуваат надвор од државата, нема потреба од нова декларација со „црвени линии“, порача шефицата на државата

Македонија | пред 4 месеци

IMG_4069

Сиљановска Давкова: Безбедносната состојба е стабилна, не се очекуваат безбедносни проблеми

Македонија | пред 5 месеци

siljanovska-davkova-1

Сиљановска - Давкова загрижена што дел од пожарите се подметнати, ќе ни помага и вештачка интелегенција во предвидување ситуации

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања