Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Сиљановска Давкова се обрати на свеченоста по повод заклетвата на 28. класа питомци/студенти на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
siljanovska-davkova-arm-6

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска се обрати на свеченоста по повод заклетвата на 28. класа питомци/студенти на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“, што се одржа во касарната Гоце Делчев - Скопје.

Во обраќањето пред питомците, претседателката Сиљановска Давкова посочи дека нашата армија е составена од професионални, мотивирани и кредибилни старешини и војници кои во изминативе пет години како дел од НАТО, но и како дел од Партнерството за мир и бројните мисии, покажаа и се уште покажуваат и докажуваат дека можат да стојат рамо до рамо со колегите од најсилните армии и да постигнуваат највисоки резултати, одлично вршејќи ги своите задачи.

— реклама —

„Осовременувањето на армијата наметнува дополнителни вложувања во борбените средства, опремата, комуникациски системи. Сепак, за мене, најсилната страна на нашата армија е човечки капитал. Во тоа се уверивме не само за време на мисиите во странство, туку и во постојаните активности и учество при справување со кризите и непогодите и конкретната помош и поддршка на граѓаните. Со право сум и сме горди на припадниците на армијата и мора да се грижиме за офицерскиот подмладок“, истакна во обраќањето претседателката.

— реклама —

Порачувајќи дека питомците се иднината и драгоцениот потенцијал на македонската армија, претседателката истакна дека Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ претставува почитувана институција, призната во регионални рамки, но и пошироко и дека сме должни и понатаму да работиме на нејзиниот развој и напредок.

„Доказ за капацитетот и квалитетот на Воената академија се и студиите за управување со кризи и заштита и спасување. Среќна сум што, покрај на питомците, денес имам можност да им се обратам и на бруцошите - студенти на прв циклус студии за управување со кризи и заштита и спасување. Станува збор за неопходен кадар и за клучен човечки ресурс во зајакнувањето на институциите, надлежни за справување со кризи и заштита и спасување“, порача претседателката во своето обраќање.

Осврнувајќи се на драматичните климатски промени кои предизвикуваат страшни елементарни непогоди, таа истакна дека за соочување и справување со природните и другите закани, мора да изградиме силен систем на заштита и спасување во кој клучната улога ја имаат квалификуваните и посветени човечки ресурси.

— реклама —

Во своето обраќање, претседателката укажа и на нарушувањето на светскиот мир од руската инвазија врз Украина и неконтролираната ескалација на воениот конфликт на Блискиот Исток, потенцирајќи ја улогата на безбедносниот чадор, но и потребата од инвестирање и развивање на сопствената армија.

— реклама —

„Убедена сум дека нема конфликт за кој не може да се постигне мирно решение, што поскоро, тоа, подобро. Верувам дека ние, поучени од крвавата историја, ја научивме мировната филозофија и дека нема да дозволиме воени судири на нашето тло. Посакувам припадниците на армијата, вие, да бидете ангажирани во мировни, а не во воени операции и активности во некое идно време. Но, се плашам дека грдата воена реалност повикува на будност и подготвеност“, порача претседателката Сиљановска Давкова.

На настанот се обратиja и министерот за одбрана, Владо Мисајловски и деканот на Воената академија, полковник Митко Богданоски, а присуствуваа началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор, Сашко Лафчиски, генерали, претставници на воено дипломатскиот кор, претставници од Министерството за одбрана и Армијата, како и роднини и пријатели на 28. класа питомци.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library5fd9342upvoi7XfZCkp

Сиљановска-Давкова се сретна со спелеонуркачите по историскиот подвиг во пештерата Врело

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
media-library3jrucfj47n3q9Pm3jhg

Сиљановска-Давкова ќе учествува на 22. Европски самит во Салцбург

Македонија | пред 1 месец

Vila-Vodno

Сиљановска-Давкова ќе ги прими талентираните ученици по повод 35 години независност

Македонија | пред 1 месец

media-librarykqkk9dv389dnblcdXqz

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со добитниците на признанието „Инженерски прстен“

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања