Промени тема
Контакт

Сиљановска-Давкова: Училиштето нека биде место каде што ќе стекнувате знаење, негувате почит, развивате другарство

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-library1vjilcuthrnn5p0UpKV

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Охрид им посака успешен почеток на првачињата од ООУ „Св. Климент Охридски“, со порака училиштето да биде место каде што ќе стекнуваат знаење, ќе градат пријателства и ќе учат да се почитуваат меѓусебно.

На свечениот прием, таа ги охрабри најмладите ученици да бидат љубопитни, да читаат, пишуваат и поставуваат прашања, нагласувајќи дека вистинската цел не треба да бидат само добрите оценки, туку стекнувањето знаење.

— реклама —

Сиљановска-Давкова истакна дека образованието е темел на личниот и општествениот развој и една од најдобрите инвестиции во себе. Според неа, учењето освен знаење носи и самостојност, толеранција и способност за критичко размислување.

— реклама —

Осврнувајќи се на училиштето што го носи името на Свети Климент Охридски, претседателката ги потсети првачињата на значењето на Климент и Наум како најистакнати ученици и следбеници на светите браќа Кирил и Методиј, повикувајќи ги да го продолжат нивното просветителско и духовно дело.

— реклама —

Таа порача дека училиштето треба да биде безбедно и инспиративно место каде секое дете ќе се чувствува прифатено и почитувано, а заедништвото и другарството ќе бидат важен дел од ученичкиот живот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

Vila-Vodno

Сиљановска-Давкова ќе ги прими талентираните ученици по повод 35 години независност

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
media-librarykqkk9dv389dnblcdXqz

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со добитниците на признанието „Инженерски прстен“

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryncsau0cgb2rgbD77LPH

„Пензионирањето не е крај на активниот живот, туку нова можност за мудроста и искуството“, вели Сиљановска-Давкова

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryal8cp76ncnqocgeAlMD

„35 години била жртва на насилство, заслужува староста да ја помине на слобода“, Сиљановска-Давкова го образложи помилувањето на Шефије Јакупи

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања