Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Сиљановска Давкова: За да можат успешно да ја реализираат својата важна задача, централните банки мора да бидат независни од централните власти, заради отпорност на политичките влијанија и притисоци

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Foto-3

Сиљановска Давкова се обрати на конференција „Централните банки и централнобанкарското работење во комплексно опкружување: Покажување посветеност и одржување на кредибилитетот“

— реклама —

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска се обрати на 10. меѓународна конференција на тема „Централните банки и централнобанкарското работење во комплексно опкружување: Покажување посветеност и одржување на кредибилитетот“, што во организација на Народната банка на Република Северна Македонија и Комитетот за преобразување на Бретон Вудс, се одржува денеска во Скопје.

— реклама —

Во своето обраќање претседателката Сиљановска Давкова рече дека во време на големи противречности, нова и длабока меѓузависност на државите, економиите, луѓето и природата, помалите, отворени и од увоз зависни економии, каква што е македонската, диспропорционално ги чувствуваат ефектите од геополитичките ривалства, воените конфликти, преплетените безбедносни, економски, енергетски и еколошки кризи.

— реклама —

— реклама —

Според претседателката, неопходно е да се изнајде модел за амортизирање на шоковите во нестабилен и постојано променлив економски амбиент, а како еден од столбовите на стабилноста во непредвидливи услови ги посочи токму централните банки.

„За да можат успешно да ја реализираат својата важна задача, централните банки мора да бидат независни од централните власти, заради отпорност на политичките влијанија и притисоци, што особено се засилуваат во кризни и изборни години, каква што е оваа 2024-та година, која важи за најизборната во историјата на демократијата. Всушност, независноста им овозможува на централните банки да ја извршуваат својата незаменлива улога во намалувањето на инфлацијата, стабилизацијата на цените и одржувањето на макроекономската стабилност како предуслови за долгорочен економски раст“, рече претседателката Сиљановска Давкова.

Според претседателката, македонските граѓани ќе ги почувствуваат придобивките на Европската Унија дури тогаш кога, трговската интеграција ќе биде дополнета со политичка, низ процес на европски реформи, со почитување на европските стандарди и критериуми. Како што посочи, интеграцијата ќе ни помогне да изградиме поинклузивно и поправедно општество во кое мажите и жените ќе можат подеднакво да напредуваат врз основа на своето знаење и вештина, односно стручност и компетентност.

„Нам, за жал, неправедно ни се скратува правото на напредок и тоа, не поради Копенхагенските критериуми, туку поради барањата од некои соседи за ревизија на историјата и непочитување на националниот и културниот идентитет“, рече претседателката Сиљановска Давкова.

„Како последица на оваа неправда, младите, кои се нашиот клучен двигател на економијата, се иселуваат. За да го спречиме губењето на највредниот ресурс-младите, од европските партнери очекуваме разбирање и деблокирање и дебилатерализација на процесот на преговори за членство во Европската Унија, отфрлање на двојните стандарди и почитување на правото и правдата, односно европските принципи и вредности, утврдени во уставните акти. Само целосно интегриран во Европската Унија, Балканот, наместо Ахилова пета, ќе стане еден од стожерите на стабилност на Европа“, рече претседателката Сиљановска Давкова.

Посочи дека е време за реформа на меѓународниот монетарен систем, констатирајќи дека помалите држави треба да се вклучат на порамноправен начин во него.

Навраќајки се на нејзиното минатонеделно учество на Самитот на иднината во Њујорк и зборовите на Генералниот секретар на Обединетите Нации, Антонио Гутереш дека не можеме да градиме иднина за нашите потомци со помош на систем изграден пред 79 години, претседателката Сиљановска Давкова изрази уверување дека е потребно преиспитување и трансформација на секој сегмент од меѓународниот поредок, вклучително и меѓународниот монетарен и финансиски поредок воспоставен на конференцијата во Бретон Вудс во далечната 1944.

„Како прва македонска претседателка, верувам дека промените ги засегаат и жените и дека жените се не само за промени во ООН, туку и за реформа на меѓународниот монетарен и финансиски поредок“, рече претседателката Сиљановска Давкова во своето обраќање.

Претходно, претседателката Сиљановска Давкова оствари средба со Алфред Камер, директор за Европа во Меѓународниот монетарен фонд, на која се разговараше за севкупната соработка и активностите на фондот во нашата држава.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarydqvg8db60mfm1MYkUyC

Претседателска средба: Романија ја поддржува македонската евроинтеграција

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryhlqseqcc0e156FpSMbX

Сиљановска-Давкова по средбата со Пармелан: Да се концентрираме на реформските предизвици и да не ја губиме енергијата на ирационални прашања

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryhlv0v0m2od248Sp25Pl

Прва официјална посета на швајцарски претседател во земјава – потврдено партнерството

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryd07vkvlt00oh82TTmlz

Сиљановска Давкова: Со стабилна влада има простор за дијалог со Бугарија

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања