Промени тема
Контакт

Сите знаеле за криминалот на Груби и молчеле, за да не падне владата и опстане коалицијата за да си продолжат со криминалот, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
grubi5123

„СДС и ДУИ дозволија да се продлабочи и рашири криминалот и корупцијата во Македонија“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:

СДС и ДУИ знаеле за криминалот на своите функционери и свесно дозволиле да се размрежи и да навлезе во секоја пора во општеството, само за да не падне владата СДС-ДУИ.

— реклама —

СДС и ДУИ знаеле за криминалот на Артан Груби, знаеле и за Лотарија и црната листа и молчеле, молчеле за коалициски мир и молчеле за да купат ден повеќе за да можат да крадат врз грбот на народот.

Зоран Заев, Венко Филипче, Оливер Спасовски биле први соработници и сојузници на Груби, знаеле за криминалот на Груби, но го толерирале и не го гонеле за да можат заедно да продолжат со матните зделки, тендерите во четири очи, криминалот и корупцијата.

За криминалот алармираше постојано и ВМРО-ДПМНЕ и медиумите, но институциите под раководство на СДС и ДУИ молчеа и не преземаа мерки.

— реклама —

СДС се партнери во криминалот со ДУИ, додека Груби крадеше Димитир Ковачевски му бил соучесник и му го овозможил тоа.

Македонија со години уназадуваше, додека СДС и ДУИ смислувале начини како повеќе да украдат милионски суми пари на народот.

— реклама —

СДС и ДУИ 7 години не направиле ниту еден проект за општото добро на народот, бидејќи биле фокусирани на себе, своите блиски и функционерите од врхушката на СДС и ДУИ на тоа како лично да се збогатат и станат милионери.

СДС треба да одговори зошто дозволиле и не го спречиле Груби во кражбите, зошто институциите под раководство на СДС и ДУИ не реагирале и дозволиле да се осиромаши народот, уништи системот и колабираат институциите.

Одговорност за криминалот, корупцијата, тендерите во четири очи, матните зделки мора да има.

— реклама —

Одговорност за осиромашувањето на народот, урнисаниот систем, колапсот на институциите, празната буџетска каса мора да има.

Заврши времето како до сега. Сега е време за одговорност, работа, посветеност, просперитет и унапредување на демократијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarykc78kgk7d2nf7IEzgzw

Адвокатот Пачуку за случајот со Груби: Обвинителството е слабо со докази, тој немал фактичко влијание врз Државна лотарија

Македонија | пред 3 седмици

— реклама —
artan-grubi

На 24 август започнува судењето за Груби и уште седум лица за случајот „Лотарија“

Македонија | пред 1 месец

media-library47o2qshiqcsnbx9ocpk

Ахмети до Груби: Ако си ја злоупотребил мојата доверба, одговарај за тоа

Македонија | пред 1 месец

51527416724_29ef17fba6_c

Груби за пола месец може да излезе од куќен притвор, а обвинителот молчи зошто истрагата не е завршена иако тврдеа дека имаат докази

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања