Промени тема
Контакт

(Видео) Скандал на Светското првенство: Фудбалери снимени како пушат на балкон, некои тврдат дека станува збор за џоинт

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
media-library41d8bo358g8a003qVAO
Photo by Fauzan Saari on Unsplash

Турската фудбалска репрезентација се најде во центарот на скандал уште пред да го одигра својот прв натпревар на Светското првенство 2026.

На социјалните мрежи се прошири видео на кое се гледаат неколку турски репрезентативци како пушат на балконот од хотелот во кој е сместена селекцијата. На снимката е препознаен дефанзивецот на Фенербахче, Чаглар Сојунџу, во друштво на уште двајца соиграчи.

Видеото брзо стана вирално и предизвика бројни реакции кај турските навивачи. Дел од нив ги осудија фудбалерите, додека на социјалните мрежи се појавија и шпекулации дека не станува збор за обични цигари, туку за џоинт. Засега нема официјална потврда за таквите тврдења.

— реклама —
— реклама —

„Веќе не заслужуваш да бидеш во репрезентацијата, а сега уште и пушиш“, гласи еден од коментарите на револтираните навивачи.

Турција обезбеди пласман на Светското првенство по 24 години пауза, откако во баражот ги елиминираше Романија и Косово. На Мундијалот ќе настапува во групата Д, заедно со домаќинот САД, Парагвај и Австралија.

— реклама —

Својот прв натпревар Турците го играат против Австралија, а селекторот Винченцо Монтела сè уште не се огласил во врска со инцидентот. Се очекува притисокот врз репрезентативците и стручниот штаб дополнително да се зголеми доколку тимот не оствари позитивен резултат на отворањето на турнирот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library2v5f45mcc5eu6bhieYf

Мбапе по разочарувањето на Светското првенство: Тоа боли и ќе боли уште долго

Спорт | пред 1 месец

— реклама —
media-librarydhp6jhv0onma4sepMMP

Шпанија ја совлада Франција и се пласира во финалето на Светското првенство

Спорт | пред 2 месеци

media-librarymqhtf5bfn42r2u0hrNR

Како Светското првенство предизвика егзистенцијална криза кај генерацијата Z

Магазин | пред 2 месеци

media-libraryrucr3u0d2ipj5SR1uD4

Шпанија ја совлада Белгија и се пласира во полуфиналето на Светското првенство

Спорт | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања