Промени тема
Контакт

Скандал во Франција или лажна вест: Македонската Смедеревка продавана како „Шаблис” и ,,Монтраше”

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
Screenshot-2025-04-01-at-15.53.52

Вест која се третира и како скандал и како лажна вест се споделува во Македонија, но и на странските портали. Според одредени портали, скандал избил по информацијата дека македонската Смедеревка се продавала како француско вино.

„Виното од познатите француски региони Шаблис и Монтраше било фалификувано. Наместо грозјето од овие региони било флаширана македонска Смедеревка. Интерпол откриле мрежа од седум фалсификатори на вино кои купувале вино од газда Ѓоко од Мрзенци, потоа дополнително го одлежувале во барик буриња за да развие француски карактер на вино за потоа да го пласираат под етикети на познати винарии од Бургундија“, стои во дел од вестите објавнеи и кај нас.

— реклама —

Фалсификуваното вино се продавало како автентичен шардоне со француско географско потекло, по цени и поскапи од 250 евра за шише.

Истовремено, „Дојче веле“ објави дека станува збор за лажна вест.

— реклама —

„За само неколку часа главна вест во Македонија денеска стана информацијата дека македонско вино смедеревка се препродавала во Франција за 250 евра како врвно бургундско вино. Текстот објавен на српскиот портал „Вино и Фино“ (https://vinoifino.rs) привлече огромно внимание, за во еден момент да котира и како прва вест на агрегаторот за вести Тајм.мк. Го пренесоа голем број телевизии и портали, и тоа без да сменат ни точка, ни запирка... вкупно најмалку 20 различни медиуми. И никој притоа не се ни обиде да провери кои се француските медиуми кои пишувале на оваа тема, и дали воопшто постојат. Дали постои винарија „Газда Ѓоко“ во Мрзенци, или дали постои нејзиниот „цитиран“ газда Ѓоко Трпески. Не постојат, како што не постои ниту францускиот енолог Теле Репомаше (теле репом маше)... во превод од српски „теле мафта со опашката“. Дека се работи за првоаприлска шега на српскиот портал во телефонски разговор ни потврди и директорката на маркетинг Зденка Костиќ“, напиша „Дојче веле“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library1mohc4m0oo2ncYNGEzd

Oд оваа учебна година забранети мобилните телефони во средните училишта во Франција

Свет | пред 3 дена

media-libraryf60ounp7vfpt54rU6kP

Над 200 тони медузи ја запреа нуклеарната централа во Франција: Два реактори целосно исклучени

Свет | пред 4 дена

media-library1seeolfisv512BaJbuL

(Видео) Автомобил удри во пешаци пред железничка станица во Франција: едно лице загина, десет се повредени

Свет | пред 6 дена

media-library9dhvsp7jkjl23VCOsQI

Француски службеник дрогирал жени на разговори за работа за да мократ пред него

Свет | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања