Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Скопјанка тврди: Бевме вратени од границата со Грција затоа што рековме „Македонија“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Коментари
media-library3337s8knkubacbiFM8y

Скопјанката Симона Димитриевска јавно објави дека таа и нејзината придружба биле вратени од граничниот премин „Евзони“ со Грција, а тврди дека причината било тоа што кажале дека доаѓаат од Македонија, наместо да го употребат официјалното уставно име. Според нејзиното сведоштво, ова се случило вчера (сабота), кога, како што наведува, биле изложени на вербален напад од страна на царинските службеници.

— реклама —

Бевме обвинети дека сме опасност за јавната безбедност во Република Грција и дека немаме валидни документи за преминување на границата, што беше сосема неточно. Сепак, поради тоа што рековме „Македонија“, тие се навредија, беа дрски и без објаснување на англиски јазик од страна на службениците – што сметам дека е сосема непрофесионално – бевме вратени назад со печат за забрана за влез.“, наведува Димитриевска во реакцијата до нашата редакција.

— реклама —

Таа тврди дека службениците се однесувале непрофесионално, дека комуникацијата се одвивала на грчки јазик без објаснување, како и дека им биле дадени документи за потпишување без соодветно образложение. Дополнително, наведува дека им била изречена забрана за влез во државата со образложение дека претставуваат опасност.

— реклама —

Димитриевска упати повик до Тимчо Муцунски и Министерството за надворешни работи да дадат одговор и заштита за македонските граѓани во вакви ситуации.

— реклама —

Засега нема официјална реакција од надлежните институции за наводите изнесени во објавата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library9hmkam6skofibBBSAug

Се забрзува изградбата на капацитети за складирање струја во Грција

Балкан | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryef1ajsv2rj70bBXb4LP

Во Грција запленети над 616 килограми месо, дел со рок истечен пред 17 месеци

Балкан | пред 2 дена

uciliste

26 лица, меѓу кои 13 деца, се хоспитализирани по истекување гас во училиште во близина на Атина

Балкан | пред 3 дена

trajekt-620x350

Закана за бомба запре траект во Грција: Евакуирани 875 патници

Спорт | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања