Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

„Скопје1“ дознава: Уште осум осудени за 27 април излегуваат на слобода ден пред Нова година, по години поминати зад решетки

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-libraryvuh6a6edf5j42rv293T
Скопје1.мк

Повеќето од осудените за настаните од 27 април 2017 година добиле условен отпуст, откако издржале повеќе од две третини од затворските казни, дознава „Скопје1“ од извори во Кривичниот суд. Одлуките ги донел Кривичниот совет, кој оценил дека се исполнети законските услови за да се донесе ваква одлука.

На слобода ден пред Новата година треба да излезат Мунир Пепиќ, Оливер Поповски, Влатко Трајковски, Душко Лазаров, Јане Ченто, Митко Пешов, Горан Ѓошевски и Никола Митревски. Досега отпуст добија Младен Додевски и Горан Ангелов-Ќосето кои меѓу првите го напуштија затворот.

— реклама —

Според нашите информации, Оливер Радулов доби условен отпуст пред 6 месеци.

— реклама —

„Скопје1“ дознава дека до Кривичниот суд е испорачано и барањето за повторно судење, поради тоа што постојат нови докази, кои би влијаеле на исходот на постапката. Ова барање беше очекувано дека ќе се поднесе, и најавувано од страна на осудените години наназад. Уште од стартот на судската постапка, по поднесеното обвинение од Вилма Русковска, тие беа децидни дека одговараат за дело кое не го сториле, а за кое им беа изречени високи затоврски казни.

— реклама —

Инаку, институтот условен отпуст претставува т.н. „круна“ на ресоцијализацијата, односно „награда“ за доброто поведение при издржувањето на казната. Кога ќе се поднесе молба за овој институт, се подготвува извештај за осуденото лице. Условен отпуст одредува исклучиво Судот и согласно закон може да се состои во посебни мерки на помош, грижа, надзор или заштита кои ги спроведува надлежен орган согласно со закон.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library7ies626i87r86Ay5s39

Ќерката на Чавков: Прогонувачите нека не мислат дека ќе спијат мирно уште долго, чувството кога го пречекав на слобода не се опишува

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryi4fvau19cp893VbQNqG

Вилма Русковска не се плаши од сведокот кој сега тврди дека лажел за „27 април“, а на премиерот му „испрати порака“

Македонија | пред 2 седмици

media-librarykm59m8meu6ic9zJnNNb

(Видео) Сведок признал дека лажел на суд за 27 април и се пазарел, а постојат докази и дека имал комуникација со функционер, обзнани Јане Ченто

Настани | пред 2 седмици

media-library7l24m9cdp4rl3GeJXza

Мицкоски за 27 април: Станува збор за политички монтиран случај од страна на претходната влада

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања