Промени тема
Контакт

Смрт во ќелија: заврши животот на човекот со најголемиот крипто-скандал во Турција

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Свет
media-library5usuk4gsf7q15C0ArCL

Фарук Фатих Озер (32), поранешен извршен директор на пропаднатата крипто-берза „Тходекс“, е пронајден мртов во својата затворска ќелија во градот Текердаг, на западот од Турција, јави државната телевизија TRT. Според првичните информации, неговото тело го пронашле затворските чувари за време на утринската проверка. Турското обвинителство наредило целосна истрага, која ги опфаќа испитувањето на затворското особје, анализата на безбедносните снимки и обдукција во Институтот за судска медицина во Истанбул, за да се утврди точната причина за смртта.

Озер беше уапсен во Албанија на 30 август 2022 година, по неколкумесечно бегство што ја потресе турската јавност. Против него беше распишана меѓународна потерница поради измама на стотици илјади инвеститори преку платформата „Тходекс“. Тој илегално ја преминал границата и неколку месеци живеел во градот Елбасан под лажен идентитет, сè додека не беше уапсен на една плажа на југот на земјата, во заедничка акција на албанската и турската полиција.

— реклама —

Во обвинението стоеше дека Озер ги измамил клиентите за повеќе од две милијарди долари, со што неговиот случај стана еден од најголемите финансиски скандали во поновата турска историја. Случајот предизвика длабоки потреси на пазарот на криптовалути и ги натера турските власти да воведат построги регулативи за дигиталното тргување.

По екстрадицијата во Турција, Озер беше осуден на 11.196 години затвор за организирана измама, перење пари и водење криминална организација. Тој ги негираше обвиненијата, тврдејќи дека падот на „Тходекс“ бил резултат на кибернапади, а не на измама, но судот го прогласи за виновен по сите точки од обвинението.

— реклама —

Неговата смрт отвори низа прашања во турската јавност. Дел од медиумите и аналитичарите повикуваат на независна истрага за да се утврди дали навистина станува збор за самоубиство или за можен обид за прикривање на информации кои Озер можел да ги има за финансиската мрежа што оперирала преку „Тходекс“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

brod1

Се судрија два турски брода кај Истанбул, трагаат по 10 члена на екипажот

Свет | пред 4 часа

media-libraryvq2rlsmihu5036SAoAK

Турција, Саудиска Арабија и Пакистан одржаа прв состанок во Истанбул на новиот одбранбен сојуз

Свет | пред 1 ден

media-libraryt01un804g9469k4t9ol

Турски и сомалиски специјалци ослободија киднапиран брод, убиени 14 пирати

Свет | пред 3 дена

media-library3v1okngkog6c9sWWKQp

Пожари беснеат низ Турција: Огнот се шири во три провинции, стотици се борат со пламените јазици

Свет | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања