Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Со првите летови од Дубаи се евакуирани патниците затекнати во транзит зоните, се разгледува евакуација на македонските државјани

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-libraryb2bf3r7njobffL0eJJj

Амбасадата на Република Македонија во Абу Даби соопшти дека е во постојана комуникација со властите на Обединетите Арапски Емирати, како и со институциите во Султанатот на Оман, со цел да им излезе во пресрет на македонските државјани кои се затекнати во регионот по ескалацијата на безбедносната состојба.

— реклама —

Како што информираат од дипломатското претставништво, се разгледува можноста за репатријација и евакуација на граѓаните на Република Македонија преку копнената граница со Оман.

— реклама —

Во соопштението се наведува дека ограничен број летови успеале да ги напуштат Обединетите Арапски Емирати преку аеродромите во Абу Даби и Дубаи, кои претходно беа цел на напади од Иран. Со тие летови биле евакуирани само патниците што се затекнале во транзитните зони на аеродромите.

— реклама —

Амбасадата истакнува дека е во континуирана комуникација со надлежните органи на Обединетите Арапски Емирати за да се организира евакуација и со други летови, веднаш по добивање на официјална потврда дека воздушниот простор е безбеден за летање.

— реклама —

Сите заинтересирани лица се повикуваат да се пријават во Дипломатско-конзуларното претставништво во Абу Даби. Дежурниот мобилен број е +971 56 441 7532, а електронската адреса за контакт е abudabi@mfa.gov.mk.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library39bqt19o2dds3v31QhQ

Воената криза го испразни Дубаи: Луксузните хотели нудат огромни попусти

Свет | пред 2 месеци

media-library2nsshqfgm0160dGqHdP

(Видео) Голем пожар на градилиште во Дубаи

Свет | пред 3 месеци

media-librarybio7g8faejg73Yy5gsz

(Видео) Затворање по речиси три децении: Обемна реконструкција на луксузниот симбол на Дубаи

Патувања | пред 3 месеци

media-library39bqt19o2dds3v31QhQ

(Видео) Се затвора симболот на Дубаи: тврдат дека нема врска со нападот со дрон

Свет | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања