Промени тема
Контакт

Собраниска делегација на брифинг во седиштето на НАТО во Брисел

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
natobrisel1

Во заедничка организација на Парламентарното собрание на НАТО и НАТО, на 4-5 ноември 2024 година, се одржа редовниот брифинг за новоизбрани пратеници во седиштето на Алијансата во Брисел. На состанокот учествуваа пратеници од 9 земји членки и 5 асоцијативни делегации, кои за прв пат се дел од телата на Парламентарното собрание, меѓу кои и Делегацијата од Собранието во состав: Драган Ковачки - шеф на Делегацијата во ПС на НАТО, Беким Сали и Славјанка Петровска - членови на Делегацијата.

— реклама —

Настанот претставуваше уникатна можност учесниците изворно да се информираат за начинот на функционирање и соработката меѓу парламентарниот и владиниот дел на Алијансата, како и за нејзините актуелните приоритети, политики и идни предизвици во пресрет на Самитот на НАТО во Хаг следната година. Беше поздравено значителното инвестирање и одвојување средства во делот на одбраната кај сите земји членки, со потенцијал истите да продолжат да се зголемуваат во следните години. Особено беше потенцирана потребата од континуирана комуникација меѓу земјите членки, координацијата на заедничките активности, како и зголемената соработка со индустријата, како клучни за нивно поуспешно делување, се наведува во соопштението од Собранието.

— реклама —
— реклама —

Присутните беа согласни дека заштитата на универзалните вредности треба безусловно да продолжи и во иднина. Во тој контекст, беа разменети мислења за ситуацијата во Украина, но и за случувањата во Блискиот Исток, Медитеранот, Западниот Балкан, северот на Африка и Индо-Пацификот.

— реклама —

Што се однесува до идните предизвици, се посвети особено внимание на размена на информации и искуства околу користењето на и инвестирањето во вештачката интелегенција, вселената, зајакнување на отпорноста и спречувањето на хибридните и сајбер нападите, злоупотребата на дезинформации и информациите за манипулации за политички и други цели, како и за ре-дефинирањето на односите и соработката со трети земји, се додава во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

Sobranie-zgrada

Три собраниски комисии денеска на седници, на дневен ред и антикорупциската стратегија

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryirl9r7delq378vRnwTb

Собранието и ФИНКИ потпишаа Меморандум за соработка за примена на вештачката интелигенција во собраниските процеси

Македонија | пред 1 седмица

Sobranie-zgrada

Собранието домаќин на регионална конференција за парламентарниот надзор на патот кон ЕУ

Македонија | пред 3 седмици

Sobranie-zgrada

Од безбедноста во сообраќајот до борбата против корупцијата: Пет собраниски комисии денеска заседаваат

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања