Промени тема
Контакт

Сончево со мала облачност, попладне можен слаб дожд

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
AF5B8913-AAD4-498D-BB10-C77D5E0757F5

Сончево време со мала до умерена облачност се очекува денеска во земјава, со услови за слаб локален дожд во попладневните часови, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

— реклама —

Претпладне во одделни котлини ќе има појава на слаба магла, а ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната дневна температура ќе се движи од 12 до 19 степени.

— реклама —

Утринава најниска температура од -4 степени е измерена во Берово, -2 во Маврови Анови, а -1 степен во Крива Паланка, Битола и на Попова Шапка. Нула степени се измерени во Скопје-Петровец, Тетово, Прилеп, Крушево и Струмица.

Температура од еден степен е регистрирана во Претор и Велес, два степени во Скопје-Зајчев Рид, Охрид, Куманово, Штип, Кавадарци и Демир Капија, три степени во Виница, а најтопло утринава било во Гевгелија со четири степени.

— реклама —

Снежна покривка од 55 сантиметри е измерена на Попова Шапка.

Во Скопје денеска ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за слаб дожд, а максималната температура ќе достигне до 18 степени.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-08-1140PM

УХМР предупредува на невреме: Пороен дожд, грмежи и град во делови од Македонија

Македонија | пред 3 седмици

— реклама —
media-libraryc5salpee8lb74TKCv98

Попладне можни пороен дожд, грмежи и град, најави УХМР

Македонија | пред 1 месец

soncevo

Температури до 33 степени, нестабилност во попладневните часови

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykr8hik32amhla2RiMGa

Сончево и топло време, попладне можен локален дожд со грмежи

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања