Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Шпанските пратеници го осудија израелскиот напад врз хуманитарната мисија за Газа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
media-libraryab8jokk2h44daNSnxHe
Photo by Vidar Nordli-Mathisen on Unsplash

Шпански пратеници денеска го осудија неодамнешниот израелски напад врз хуманитарната мисија „Сумуд“, која пловела кон Газа во меѓународни води.

— реклама —

Лидерката на шпанската партија „Подемос“, Ионе Белара, на социјалната мрежа Икс напиша дека Израел ја нападнал и пресретнал мисијата среде Средоземното Море.

„Израел ја напаѓа и киднапира хуманитарната мисија ‘Сумуд’ среде Средоземното Море. Тоа го прави целосно неказнето, додека Европа продолжува да соработува со извршителите на геноцид“, напиша Белара.

— реклама —

И европратеничката Ирене Монтеро го осуди нападот, оценувајќи дека европските влади и Европската комисија сносат одговорност затоа што не реагираат.

— реклама —

Според организаторите, израелската војска привела околу 100 активисти додека хуманитарната мисија се обидувала да ја пробие израелската блокада на Газа.

Мисијата, составена од повеќе од 50 бродови, испловила од турскиот град Мармарис, а во неа учествувале 426 лица од 40 држави.

— реклама —

Организаторите наведуваат дека меѓу учесниците имало активисти од Германија, САД, Франција, Шпанија, Италија, Велика Британија и други земји.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryvcjhvpm1ppcnaO2r4ln

(Видео) Генералниот штрајк во Шпанија заврши со судири, пожари и ограбени продавници

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-librarygsta2uk90qan3gvYwnl

(Видео) Шпанија парализирана: Четири милиони работници на генерален штрајк, судири со полицијата и десетици приведени

Свет | пред 2 дена

media-libraryaul2tl106a902NwdXGY

Тело на новороденче пронајдено во замрзнувач во Шпанија, можеби било скриено повеќе од 20 години

Свет | пред 5 дена

media-libraryp5vijcf63f2b8Nf9qT8

Трагедија во Шпанија: Фудбалерот Хесус де Мигел почина по судир со противничкиот голман

Спорт | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања