Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Според пресметките на Владата бензините треба да поевтинат за 1,5 денари, а дизелот за 2,5 денари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
benziska-guzva-goriva

Премиерот Христијан Мицкоски најави можно намалување на цените на горивата, посочувајќи дека според владините пресметки бензините би можеле да поевтинат за околу 1,5 денари по литар, а дизелот за 2,5 денари, со дополнителни попусти од компанијата OKTA.

— реклама —
— реклама —
— реклама —

„Очекувам да го добијам извештајот и да го изанализираме овие денови и, откако ќе го анализираме многу внимателно, тогаш сигурно ќе излеземе со одредени мерки. Сакаме тие да бидат овој пат микротаргетирани, но она што е важно е дека врз основа на нашите пресметки бензините 95 и 98 октански треба да поевтинат за 1,5 денари, додека пак дизелот треба да поевтини за 2,5 денари по литар, едните да бидат 84 денари, а дизелот да биде околу 95,5 денари. На ова треба да се додадат и оние попусти кои ги нуди ОКТА, тоа се 2 денари за литар за бензините и 3 денари за литар за дизел горивата.

И со тоа ќе бидеме држава со убедливо најниска цена на нафтените деривати, односно на дизел горивото и на бензините, така што тоа е она што оваа влада го направи. Ние бевме единствената влада која го намали данокот на додадена вредност заедно со Шпанија, а сега гледаме дека претседателката на Европската комисија јавно говори дека сите земји членки на Европската Унија треба да почнат да ги намалуваат даноците на додадена вредност за дизел горивата и за бензините, затоа што екстремно високи се цените на овие производи“, вели Мицкоски.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library5hsg7aailvrv77xjNWa

Мицкоски: По речиси две и пол години стигнавме до точка нула, сега очекувам раст

Македонија | пред 9 часа

— реклама —
media-libraryfpabdvbejpko3qcYIBV

Мицкоски најави лидерска средба во декември: Владата е најстабилна во регионот

Македонија | пред 1 ден

media-library0jhrgg546mb58LVZb0Y

Новите измени на Кривичниот законик нема да важат ретроактивно, најави Мицкоски

Македонија | пред 1 ден

electricity-meter-96863_1280

ЕСМ ќе понуди иста цена на струјата како лани, ќе се спречува и големо поскапување на парното, најави Мицкоски

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања