Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Срдановиќ за дуелот со Вучиќ: Ќе разговараме со луѓе кои имаат што да кажат и знаат што зборуваат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Балкан
media-libraryqlia6kne459ddl398Sj

Студентите во блокада во Србија од денеска до 20 септември продолжуваат со средбите и разговорите со граѓаните во повеќе места низ земјата, како дел од акцијата „Од врата до врата“. Паралелно, продолжува и нивната велосипедска тура „Чувари на Уставот“.

Во Сечањ, на велосипедистите им се приклучил и Илија Срдановиќ, прв на Студентската листа. Студентите утрово тргнале од Вршац, а во текот на денот планираат да стигнат до Зрењанин.

— реклама —

Срдановиќ бил пречекан со овации и аплауз, а по тој повод изјавил дека неговото присуство во Сечањ е поврзано со поддршката за младите.

„Потребно е да ѝ се даде поддршка на нашата младост“, рекол Срдановиќ.

— реклама —

Зборувајќи за називот на турата „Чувари на Уставот“, тој истакнал дека Уставот го смета за најважен правен акт во државата и нагласил дека студентите се залагаат за еднаквост пред законот.

— реклама —

„Само со гаранција дека го почитуваме Уставот, дека пред законот, како што е загарантирано со Уставот, сите сме еднакви, се бориме за таква Србија“, изјавил тој.

На прашањето како ќе се однесуваат во изборната кампања, Срдановиќ рекол дека ќе настапуваат на начин по кој граѓаните ги препознаваат, односно цивилизирано и во согласност со она што им го ветиле на студентите.

Тој истакнал дека ќе разговараат со луѓе кои имаат што да кажат и знаат што зборуваат, а одговорил и на прашањето дали би учествувал во директно соочување со претседателот Александар Вучиќ.

Срдановиќ претходно нагласувал дека не сака да биде нарекуван носител на листата, туку „прв меѓу еднаквите“. Според него, Студентската листа е формирана како листа на еднакви и токму еднаквоста ја издвоил како една од вредностите за кои се залагаат.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryu3ddvorpbhuh2I0dMY3

(Видео) Граѓани влегоа во редакцијата на „Информер“, Вучиќевиќ повика полиција: „Ќе убијат некого, во зградата има деца!“

Балкан | пред 3 часа

— реклама —
media-library769n6nphcv421nZGJLa

Срдановиќ по победата на студентите во Србија: „Важно е веднаш да се знае како ќе ја водиме земјата“

Балкан | пред 3 часа

Marta-Kos

Брисел испрати порака до новото раководство на Србија

Балкан | пред 3 часа

media-libraryqdspnbn2cl9977f49Dd

(Видео) РТВ призна пропусти во известувањето, уредникот поднесе оставка

Свет | пред 4 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања