Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Средба на министерот Тошковски со амбасадорката на Украина Н.Е Лариса Дир

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
IMG_5237

Денеска (30.07.2024) во Министерството за внатрешни работи се одржа работна средба помеѓу министерот Панче Тошковски и амбасадорката на Украина Н.Е. Лариса Дир.

— реклама —

Од страна на амбасадорката Н.Е. Дир беа упатени честитки до министерот Тошковски за изборот да раководи со Министерството за внатрешни работи, изразувајќи надеж дека соработката помеѓу двете полиции ќе се интензивира во наредниот период. Меѓу другото беше побарано да се зајакне билатералната соработка во делот на кризниот менаџмент. Амбасадорката, притоа изрази голема благодарност за украинските граѓани кои се под привремена заштита во нашата земја, со надеж дека нивната заштита ќе продолжи онолку колку што е потребно.

— реклама —
— реклама —

Министерот Тошковски изрази уверување дека привремената заштита ќе продолжи, најавувајќи интензивирање на соработката помеѓу двете министерства преку сите меѓународни и регионални канали на полициска соработка.

— реклама —

На средбата двете страни изразија задоволство од долгогодишната одлична соработка, со акцент на партнерството помеѓу двете министерства, особено во делот на осовременување на капацитетите, како и размената на информации, сознанија преку Интерпол.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryjhiqq4a59kmafBs0uMd

МВР сè уште води полициски евиденции во тефтери, Тошковски најавува дигитализација за три до четири месеци

Македонија | пред 20 часа

— реклама —
media-libraryrcf5k5gqhnll1vcdCpX

Тошковски изрази сочувство за загинатите во Бугарија и порача: Не треба да чекаме нова трагедија за да ја разбереме вредноста на мерките што можат да спасат човечки животи

Балкан | пред 3 дена

media-libraryrcf5k5gqhnll1vcdCpX

„Безбеден град“ се проширува: Мобилни камери и контроли на црните точки низ Македонија, најави Тошковски

Македонија | пред 4 дена

media-library7q3crr1ro5ff4NPulbW

Тошковски на проштална средба со амбасадорот на ОБСЕ: Соработката донесе конкретни резултати за македонската полиција

Македонија | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања