„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Средба на министерот Тошковски со австрискиот амбасасор, Мартин Памер

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
pance-pamer-1

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес оствари работна средба со амбасадорот на Република Австрија, Н.Е. Мартин Памер.

— реклама —

На средбата беше потврдена одличната соработка помеѓу двете земји и секако министерствата за внатрешни работи, како и заедничката посветеност кон регионалната и глобалната безбедност, борбата против криумчарењето на луѓе и илегалната миграција, против тероризмот и сајбер криминалот како едни од приоритетните области.

— реклама —

Посебно беше истакната соработката со Фронтекс на нашата јужна граница во чиј состав има австриски полициски службеници.

Од страна на амбасадорот Памер беше потврдена поддршката на Австрија кон нашата интеграција во ЕУ и секако во реформите и борбата со криминалот и корупцијата.

Воедно на средбата беше претставен и новиот офицер за врски во Амбасадата на Република Австрија со седиште во Скопје Клаус Грубер, кој доаѓа на функција после двегодишниот мандат на офицерот за врски во заминување Манфред Јурчевиќ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library5stgsih1rtbedllZtkN

Ана Чупеска остро кон Тошковски: Можеш дома да си осветуваш со поп

Македонија | пред 2 дена

toskovski

Министерот Тошковски имал успешна операција на скопските клиники: „МВР функционира без застој“

Македонија | пред 1 месец

media-library2tg12q3i6ual5fIJ9Bi

Намалени се гужвите на „Табановце“ со „One Stop“ системот, вели Тошковски

Македонија | пред 3 месеци

TOSE-FB

„Јас на мои 47 години размислувам да се иселам, со два-три бизниси, замислете што размислува млад човек“ - Зафиров предупредува на егзодус од Македонија

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања