Промени тема
Контакт

Средба на министерот Тошковски со в.д. амбасадорот на Република Словенија, Ѓиле Вишај

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
IMG_6418

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска (04.09.2024) оствари работна средба со вршителот на должност амбасадор на Република Словенија, Ѓиле Вишај и помошник на генералниот директор на словенечката полиција, Јоже Сеница. На средбата присуствуваше и новоназначеното полициско аташе на Република Словенија.

— реклама —
— реклама —

Министерот Тошковски се заблагодари за поддршката на Словенија за нашата држава, како наш најголем поддржувач и промотор во евроинтегративниот процес, а беа потенцирани и традиционално добрите односи помеѓу двете земји и одличната соработка помеѓу министерствата за внатрешни работи. Посебно беше акцентирана помошта што Словенија ни ја даде во справувањето со пожарите.

— реклама —
— реклама —

На средбата се разговараше и за динамиката за имплементација на заедничките проекти на македонската и словенечката полиција во следниот период, а стана збор и за приоритетните цели на МВР, како што се безкомпромисната борба против организираниот криминал и корупцијата, ефективна имплементација на модерен интегриран систем за гранично управување, борбата со илегалната миграција како заеднички проблем, дигитализирање на голем дел од процесите во МВР.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryai3p7pmvmidr5pKrsB5

Тошковски: Целта не е само заплена на дрога, туку откривање на криминалните структури и парите зад трговијата

Македонија | пред 5 дена

— реклама —
media-libraryevg7f708k5hd3RYUvpE

Тошковски: Намален бројот на убиства, обиди за убиства, разбојништва и тешки кражби

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryus25a5p4lgs07YsUkI0

Тошковски и Клековски на средба со претставникот на UNODC: Нов пристап и засилена соработка во борбата против недозволената трговија со дрога

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryaarqdr9jmdqp3lk0GHI

Од девет на три жртви: Тошковски ги посочи резултатите од „Безбеден град“

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања